16:29 - 5 декември, 2025

Хороскоп за 10 јули: Лавовите ќе имаат проблеми во љубовта, Рибите ќе се занимаваат со финансиски теми

Овен

Очекувајте добри вести. Ќе бидете расположени и ориентирани кон достигнување на целите и ништо нема да ве сопре. Поработете малку повеќе на односот со колегите, потребна ви е беспрекорна соработка. Можна е промена на работното место, особено ако веќе подолго време посакувате промена на работата. На љубовно поле владее безгрижна атмосфера.

Бик

Претерувате со вашата суета или премногу се фалите пред другите. На некои тоа можеби ќе им изгледа симпатично, а некои може да го протолкуваат на погрешен начин. На деловно поле, вашите претпоставени се подготвени да ви излезат во пресрет и покрај тоа што можеби не е праведно. Почитувајте го ставот на другиот. Премногу сте горделиви и тврдоглави, спуштете се на земја.

Близнаци

Нема да се откажете сѐ додека не го остварите она што го сакате. Бидете упорни. Ако сте сами, може да очекувате ново познанство со личност која отворено ќе ви покаже што чувствува кон вас. Доколку сте во врска или брак, конечно ќе ги решите проблемите од минатото со саканата личност и вашиот однос значително ќе се подобри.

Рак

Време е размислувања и соништата да ги преточите во реалност. Замислете се себеси како остварувате ваша голема цел и тоа навистина ќе го направите. Денес ќе можете да го реализирате она што го визуализирате. Не се плашете да сонувате големи соништа, понекогаш, тие се остваруваат. Крајот на денот посветете им го на нештата кои ве прават среќни.

Лав

Денес ќе бидете добар лидер и ќе дадете сè од себе за да бидете што подобри во она што го работите, бидејќи воопшто нема да ви недостасува мотивација. Својата мотивација и страст лесно ќе ја пренесувате и на другите. Во љубовта ве очекува малку неповолен ден. Ги криете емоциите од партнерот, а не сте свесни дека и тој го прави истото. Двајцата го истражувате теренот.

Девица

Можно е до вас да пристигнат некои приказни и муабети кои не се вистинити. Пред да реагирате, информирајте се подобро. Ако сте сингл, сè уште сакате да останете во таа позиција, едноставно во љубовта нема да бидете заинтересирани за нови познанства. За оние што се во врска или во брак можеби ќе бидете сведок на малкиу кризен период полн со кавги.

Вага

Во љубовта можно е да не сте задоволни со емотивната ситуација. Ќе имате многу енергија во текот на целиот ден и нема да ви претставува проблем цело време да летате од една на друга страна. Освен тоа, ќе бидете многу посветени и заштитнички настроени кон луѓето кои ви се мили и блиски. Ќе сакате на сите да им помогнете, на овој или оној начин.

Скорпија

Многу важен ден за оние кои се сами – имаат голема шанса да запознаат некого па дури и да се вљубат. Иако напредокот ќе се одвива малку побавно, на крајот ќе бидете задоволни, среќни и насмеани. И тимската работа се исплати, а вие, сепак, сте тимски играч и тоа ќе ви донесе успех. Со позитивна енергија и на крај да излезете од хронични болести.

Стрелец

Поволен ден за работна комуникација. Ве очекува позитивен ден кој може да ви донесе некои добри вести. Јасно ви е дека односот со саканата личност оди во погрешен правец, но и вие веќе не знаете како да го смените. Избегнувајте пороци. Ако сте слободни, може да очекувате ново познанство кое ќе ви биде симпатично.

Јарец

Среќата е на ваша страна кога станува збор за работата. Може да се надевате дека ќе бидете многу задоволни од завршената работа денес. Ги решивте проблемите кои ги имавте со саканата личност и подготвени сте да продолжите понатаму заедно, посилни од кога било. Ако сте сингл, низ интересна комуникација со личноста која ви се допаѓа успевате да ја шармирате.

Водолија

Не дозволувајте да ви помине денот во егоизам и себичност. Колку повеќе споделувате со другите, толку посреќни ќе бидете. Време е да  промените некои цели на професионално поле. Ќе откриете нешто за себе што долго го криете од вашиот партнер. Не влегувајте во ризични ситуации и избегнувајте разговори кои ќе ве однесат во погрешна насока.

Риби

Денес ќе бидете преокупирани со пари и комуникации. Ќе се занимавате со финансиски теми. Главно добро ќе се снаоѓате. Многу е веројатно дека ќе се натпреварувате со саканата личност околу надмоќ во врската. Тврдоглавоста нема никого да направи среќен. Ќе верувате дека сте на добар пат, но вашите реакции ќе бидат необмислени.

Слични објави

„Беше прашање на живот или смрт“: На таткото на Меган Маркл му ја ампутирале ногата!

Еспресо

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо
Се вчитува....