18:11 - 2 април, 2026

ФЕВРУАРИ Е ЉУБОВЕН МЕСЕЦ: Овие пет хороскопски знаци ќе ја запознаат сродната душа!

уметност ботичели венера хороскоп астрологија

Февруари ќе биде љубовен месец и период од годината кога сме подготвени да направиме некои луди работи ако сме заљубени. Венера и Марс ќе се сретнат во Јарец во 16 февруари и тоа ќе придонесе со многу „жешка“ љубовна енергија.

Риба

Рибите кои се сингл ќе имаат среќа во љубовта на почетокот од февруари. Ќе ја запознаат својата сродна душа, но за тоа мора да преземат ризици. Слушајте ја вашата интуиција – нема да ве изневери. Благодарение на внатрешниот глас, претставниците на Рибите ќе можат да го најдат идеалниот партнер за врска.

Стрелец

На почетокот на февруари Стрелците ги очекуваат некои романтични вести кои ќе бидат изненадување. Астролозите ги советуваат претставниците на овој знак подобро да ја разгледаат околината. Можеби веќе сте ја запознале вашата сродна душа, но тврдоглаво одбивате да го признаете тоа?

ФЕВРУАРИ ЗНАЧИ СРЕЌА И НАПРЕДОК: Овие хороскопски знаци ќе се „телепортираат“ во радост

Девица

Февруари ќе биде љубовен месец за Девиците. Времето е поволно за да го запознаете долгоочекуваниот животен партнер. Неочекуваната средба на почетокот на февруари може да го промени животот на Девицата. Можно е да се заљубите уште на првиот состанок. Ова чувство ќе ги разбуди емоциите кои долго време ги криете.

Бик

Февруари ќе ви биде доста напорен. Биковите очекуваат социјалниот живот да биде извор на ресурси. Меѓу новите познанства може да се најде и личност со која во иднина се развие романтична врска. Февруари ќе им даде шанса на зафатените Бикови да го подобрат својот љубовен однос и да ја размрдаат монотонијата на семејниот живот со нови искуства.

Овен

Февруари ќе биде одличен месец за вас. Претставници на овој знак кои се сингл ќе имаат среќа, а најверојатно во првата половина од месецот ќе запознаат сродна душа. Најважно е да не ја пропуштите можноста. Астролозите препорачуваат да не се повлекувате периодов и да бидете активни во дружтвото. Присуството во светот ќе ги зголеми шансите за судбоносна средба.

МЛАДА МЕСЕЧИНА ВО ВОДОЛИЈА: Февруари е месец на промени и поглед на големата слика

Слични објави

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

(Фото) Јелена Розга „не ги соблекува“ штиклите од 750 евра: Ги има во повеќе бои и редовно ги носи на настапи

Еспресо

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо
Се вчитува....