3.8 C
Скопје
10:11 - 23 февруари, 2025

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 8 НОЕМВРИ: Соочувањето со вистината ќе ви донесе олеснување

дневен хороскоп

Овен

Вам веќе почнаа да ви се исполнуваат желбите на емотивно поле. Ќе го остварувате својот љубовен план без никакви проблеми, речиси совршено. Сè ќе ви оди од рака, а насмевката нема да ја симнувате од лицето. Во сите работи поврзани со односи со луѓето, денеска ќе постигнувате добри резултати. Нема ниту грижи, ниту пречки.

Бик

Финансиската ситуација е лоша и фокусирани сте на добивање позајмица или кредит. За жал, доаѓа до одбивање на вашата молба. Партнерот делува незаинтересирано кон вас. Се плашите дека нова личност се појавила во неговиот живот. Под голем притисок сте цело време. Не зборувајте таму каде што не треба.

Близнаци

Денес ќе ви годат групните активности и разговорите со вашите најблиски. На работното место слободно кажувајте го вашето мислење и споделете ги вашите идеи. Во љубовта владее одлична атмосфера. Ако сте сингл, ве очекува разговор со навистина интересна личност.

Рак

Поставувате непотребни прашања на колега и на тој начин индиректно поттикнувате ново сомневање. На деловно поле, вие сте во добра позиција да направите паралелни потези, затоа бидете внимателни при изборот на соработниците. Уште од денес можете да го започнете вашиот нов бизнис

Лав

На деловно поле, ќе делувате на два начина – оној вообичаениот и оној што вклучува големи планови за иднина. Емоциите силно ви проработиле. Заинтересирани сте да влезете во нова врска, но не сакате да вршите притисок на личноста којашто ве интересира.

Девица

Ќе бидете малку повеќе сентимантални и понежни од вообичаено. На саканата личност тоа нема да ѝ пречи, напротив. Ќе ја одработите работата со леснотија. Едноставно, сè ќе ви биде лесно. Нема да поставувате непотребни прашања. Секој има свој став, проблем настанува само кога има два става во заедничкиот живот.

Вага

Не сте претерано концентрирани на работата и поради тоа сте ќе правите мали грешки. Во љубовта, седите на две столчиња. Имате потреба да се слушнете со поранешниот партнер. Не сакате да ги анализирате емоциите кон него. Имате различен став кон финансиите во однос на сегашниот партнер.

Скорпија

Треба да ги исфилтрирате чувствата и мислите, да побарате нечие разбирање за грешките што сте ги направиле. Вие им давате предност на работните места што не носат практични придобивки. Големата упорност понекогаш носи низа компликации во деловните контакти. Соочувањето со вистината ќе ви донесе олеснување.

Стрелец

На професионално поле, можно е нешто да ви го попречи текот на финансискиот прилив. Се советува да не се расфрлувате со парите. Ќе имате некој проблем за кој ќе ви биде потребна туѓа помош. На емотивно поле, слободните ќе запознаат некоја таинствена личност, оние во врска или брак ги очекува мошне убав период.

Јарец

Се потпирате на интуицијата во текот на носењето на одлуки и соработка со колегите. Одржувате редовна комуникација со поранешниот партнер. Очекувате отворено да ви понуди продолжување на врската, и вие да прифатите. Денес би можеле да излезете со пријатели и со нивна помош да ги надминете љубовните грижи.

Водолија

Не ви е сосема јасна вашата цел, така што и други ќе ве прашуваат за тоа. Не им забележувајте ако немаат трпение да ве сослушаат. На љубовно поле, сите критики и проблемите што ги имате со другата страна денес успешно ќе ги решите со спонтан разговор без притисок.

Риби

Некој ве доведува во заблуда и се обидува да го ограничи вашето деловно влијание. Достоинствено прифатете ја вашата моментална позиција. Во љубовта немојте да барате совршенство, на тој начин не си дозволувате да уживате во убавите мигови со партнерот.

Слични објави

Нова естрадна војна: Рада Манојловиќ застана во одбрана на Милица Павловиќ, а Карлеуша жестоко ја нападна!

Еспресо

Хороскоп за 23 февруари: Лавовите во мака поради пари, Вагите поради обврски, а вие?

Еспресо

Продала носени гаќички за 10.000 долари: Тамара Бојаниќ откри какви барања добива на платформата за возрасни

Еспресо

Драгана Мирковиќ во друштво на еден од најмоќните луѓе: Дали луксузниот одмор во Дубаи крие и нов бизнис?

Еспресо

(Видео) Поранешната на Харис Џиновиќ „уловена“ во Монако: Мелина излегла од луксузен хотел, па ја пречекале со бесен автомобил бентли

Еспресо

(Фото) Сергеј Трифуновиќ приклучен на инфузија: Сопругата Исидора објави фотографија, цело време е покрај него

Еспресо
Се вчитува....