-5.2 C
Скопје
04:58 - 25 ноември, 2024

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 27 НОЕМВРИ: Мора да имате повеќе храброст во личното соочување

дневен хороскоп

Овен

На емотивно поле, ќе се двоумите како да се поставите во еден посебен однос. Ве боли тоа што сте провоцирани, а сепак, сте вљубени. На професионално поле, за да функционирате на работа, ќе мора со доверба да се потпрете на другите околу себе. Тие ќе ве упатат. Поработете на својата дисциплина.

Бик

На професионално поле, може да очекувате стабилност и шанса постепено да напредувате. Финансиската ситуација е одлично прикажана. На емотивно поле, тешко ги покажувате чувствата поради разочарувањата што сте ги имале во минатото. Време е тоа да го решите. Водете сметка околу дишните патишта и синусите.

Близнаци

Има големи шанси за добра забава со пријателите. Ќе ви биде убаво, а доколку сте во врска, повикајте го партнерот во друштво. На професионално поле, ќе се чувствувате гордо поради очигледните заслуги. Ќе работите полесно и попосветено. Нема да ви недостасува мотив. Совет: Не возете ако сте нервозни и лути.

Рак

Во работното опкружување може да очекувате некои нагли конфикти и проблеми. Состојбата не е онаква каква што сте очекувале. На емотивно поле ве очекуваат големи изненадувања. Дојде време да ја дознаете вистината за вашиот партнер. Ќе се зачудите какви тајни има човекот за кого сте мислеле дека добро го познавате.

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (22. – 29.НОЕМВРИ): Планетите се смешкаат и нѐ очекуваат судбински средби

Лав

Потрудете се да ја завршите започнатата работа во предвидениот рок. На средбата со блиска личност индивидуалното прикривање на вистината околу некои деликатни ситуации, само го одложува решавањето на заедничките проблеми. Сепак, бидете сталожени, не покажувајте дека проблемите многу ве погодуваат.

Девица

На професионално поле, потрудете се да најдете начин да ја промените перспективата и своето мислење околу работните проблеми. Доколку сте во врска или во брак, ве очекува малку тежок ден. Можно е атмосферата да биде прилично напната. Вие давате надчовечки напори да го средите односот. Почекајте да видите како ќе се одвива денот.

Вага

Вие сте една од ретките личности која во секое време е расположена за забава и излегување. Ако сте во врска, одете заедно со партнерот. Што се однесува на деловниот сегмент, тоа што знаете некои работи за одредени луѓе, резултат е на вашата способност да ги откриете. Не мора со тоа да се фалите.

Скорпија

Не ја трошете својата скапоцена енергија на ситуаци кои поминуваат недоволно забележано на работната сцена. Чувствувате емотивна несигурност, но со упорно прикривање на вистината оставате погрешен впечаток на блиска личност. Мора да имате повеќе храброст во личното соочување.

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА НОЕМВРИ: Нè очекува љубовен и бурен месец

Стрелец

На професионално поле, можно е да ви е потребно малку да се дистанцирате од работните обврски и да се одморите. На емотивно поле, ги преиспитувате случувањата од минатото и пробувате да дојдете до одговор на прашање дали сте со вистинската личност. На некои прашање нема да добиете одговори.

Јарец

Вашите соработници треба да ги прифатат логичните објаснувања што ги нудите или реалните околности кои влијаат на заедничкиот успех. Во односот со саканата личност ви се чини дека на себе имате преземено премногу одговорност за заедничките планови. Оставете некои работи да се решат сами од себе.

Водолија

Ќе бидете енергични, претприемачки расположени и пргави. Денот е поволен за извршување на задачи за кои е потребна физичка подготвеност. На љубовен план ќе бидете многу амбициозни за постигнување на сопствените желби. Дури и вашиот партнер ќе ви признае дека нема многу избор кога ќе почнете да ја наметнувате својата волја.

Риби

Можеби не ви се допаѓа нечие однесување, но не можете да ги промените основните услови или одредени правила кои ги диктира работното место. Пред вас е вистинска шанса за професионално усовршување. На емотивно поле, ништо нема да ги наруши вашите складни односи со саканите личности, но нема да биде ништо стимулирачко за љубовта.

Слични објави

(Фото) Чизми од 2.000 евра: Џорџина Родргиез покажа дека има пари, но дали има и стил?

Еспресо

(Фото) Вака изгледала Мелина некогаш: Таа имала 21, а Харис 51 година, без ниту една естетска корекција!

Еспресо

(Видео) Се ожени синот на Даниел Поповиќ: И невестата и свекорот се фатиле за микрофонот на веселбата

Еспресо

„Родена сум со 4 помалку…“: Марија Шерифовиќ откри кој недостаток ѝ бил дијагностициран како бебе

Еспресо

Тања Савиќ доби изненадување од Муки по концертот во Белград: Пејачката веднаш се „фрли“ во прегратка на 11 години помладиот дечко

Еспресо

(Видео) 30 години од „К-15“: Миле Паника, Тошо Малерот и Цацко Конопишки славеа во кафеана и еве што порачаа…

Еспресо
Се вчитува....