Овен
Важно ви е да бидете самостојни на работа. Би било добро да воведете некои навики што ќе ви помогнат да напредувате на работното место. На емотивно поле, не заборавајте да му се посветите на партнерот. Ако сте сингл, преку работа можно е познанство со интересна личност.
Бик
Денес одлично се чувствувате, имате многу енергија, подготвени сте да го освоите светот. Изразена е вашата комуникација и имате потреба да се дружите со пријателите или со колегите, но надвор од работната средина. Лесно постигнувате да ги извршите сите обврски навреме. Не откажувајте се од своите идеи. Можен е поголем прилив на пари.
Близнаци
Не се чувствувате баш најдобро. Не сте расположени ниту за дружење, ниту за муабети. Меѓутоа, тоа не значи дека треба да молчите и кога сте со саканата личност. Имате многу работа, се фокусирате на еден деловен проблем. Поминете повеќе време со луѓето кои ви одговараат и кои ви се слични.
Рак
Вие сте личност која однапред прави планови и си поставува цели, и сакате стриктно дa се држите до нив. Одлично сте организирани, а тоа денес ќе можете и да го искористите во ваш прилог. Не мора да останете до доцни часови на работа, одморете се, па најдете време и за работата и за саканите личности.
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (22. – 29.НОЕМВРИ): Планетите се смешкаат и нѐ очекуваат судбински средби
Лав
Ќе ви годи престој на свеж воздух, во природа. Одете на кратко патување, одморете си ги и душата и телото. Немојте да трошите премногу пари на работи кои не ви се неопходни. Истовремено, загрижени сте за член на семејството, на кого сакате да му помогнете. Внимавајте како тоа ќе му го предложите, може погрешно да ве сфати.
Девица
Потрудете се да започнете она што сте го планирале. Без разлика дали е нешто ново во врска со работата или со семејството. Бидете поупорни и поамбициозни. Вашата амбиција може да ви се исплати повеќекратно. Размислувате на проширување на вашиот бизнис или на дополнителна работа, надвор од сегашното работно место.
Вага
Ќе ви години дружење со лица со кои долго не сте се виделе. Овој пат вие треба да бидете иницијатор и да организирате дружење на вечера. На деловно поле, имате потреба за промена на работата. Не се саботирајте самите себе. Обидете се да го одржите фокусот на важните ставки. Ве оптоварува некој семеен проблем.
Скорпија
Ви пречи атмосферата во домот, членовите на вашето семејство се однесуваат како вашите проблеми да се неважни. Ви се чини дека никој не ве разбира, бидејќи во вашето семејство нема благодарност за сите ваши напори и целиот ваш труд што сте ги вложиле за да ги задоволите. Затоа сте и премногу чувствителни.
МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА НОЕМВРИ: Нè очекува љубовен и бурен месец
Стрелец
Вам толку тешко ви паѓаат критиките од другите луѓе. Научете да ги прифаќате, бидејќи никој не е совршен. Поминувајте повеќе време со една пријателка на која ѝ е потребна вашата помош. Денес треба да донесете важна деловна одлука. Но, воздржете се од донесување брзи одлуки коишто се однесуваат на големи деловни промени.
Јарец
Треба да бидете реални што се однесува до очекувањата од работното место. Не доведувајте се себеси во заблуда дека можете да постигнете повеќе отколку што можете. Многу сте вредни, лесно ќе ги реализирате работните задачи. На финансиско поле, ќе бидете повеќе од задоволни. Ве очекува зголемен прилив на пари.
Водолија
Соработката со угледни или влијателни луѓе полека доаѓа во прв план, а вие ќе станете важна фигура во целата игра. Затоа, заборавете на скромноста, кренете ја главата високо и дозволете си себеси да ги покажете сопствените амбиции и способности. Нема од што да се плашите. Земете длабоко воздух и продолжете по зацртаниот пат.
Риби
Денес е ден на нови моменти во вашиот живот. Новите случувања на деловно поле може да ве насочат кон позитивен правец. Деловно ќе напредувате. На емотивно поле, ве очекува интересно познанство преку член на вашето семејство. Можеби и сте ја сретнале таа личност, но не сте ѝ обрнале внимание.