3.8 C
Скопје
22:08 - 20 декември, 2024

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 18 НОЕМВРИ: Денес ќе имате незаборавни моменти

дневен хороскоп

Овен

Ќе добиете голема поддршка од некој познаник, а ова ќе го продлабочи вашето пријателство. Доколку сте во врска, не заборавајте дека понекогаш треба да направите компромис. Тврдоглавоста нема да ви помогне во ништо. Mожно е и интересно познанство што има потенцијал да стане долго пријателство.

Бик

На повидок е можност да најдете нова работа која ќе ги исполнува вашите високи критериуми. Незадоволни сте од околностите во коишто се наоѓате. Копнеете по промени на деловно поле. Љубовното поле ви е нестабилно поставено. Со саканата личност имате мошне тежок однос. Ве очекува интересно познанство.

Близнаци

Ви се укажува единствена можност да заработите повеќе пари. Деловните состаноци ќе ви помогнат во тоа. На емотивно поле, правите убави заеднички планови со саканата личност. Среќни сте и задоволни кога сте заедно. Едноставно уживате во вашите посебни интимни моменти.

Рак

Во последно време не сте задоволни од деловните околности. Денес ќе бидете изненадени од промените на ова поле. Во љубовта ве очекува интересна комуникација со личност што ви се допаѓа. Наскоро би можело да се оствари емотивна врска помеѓу вас двајца. Здравствено сте добри, можни се мали вртоглавици.

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (15. – 21.НОЕМВРИ): Љубовни проблеми за Раковите, успех за Рибите и Девиците

Лав

Денес ќе имате незаборавни моменти. Страста може да ви донесе ситуации да верувате еден на друг, на најдлабок и најнежен начин. Тоа ќе ве облие со топлина и љубов толку многу што ќе трае долгорочно. Уживајте во подарените моменти. Не помислувајте да ги расипете со некое ваше љубоморно однесување.

Девица

Пред вас е ден кога ќе можете со партнерот подобро да се запознаете еден со друг. Нема да има празни приказни, туку само вие двајца ќе бидете свртени еден кон друг. Тоа уште повеќе ќе ја зацврстви вашата врска. Пред вас е ден кога треба да уживате и да се одморите од претходните забрзани денови.

Вага

Доколку сте невработени, денес ќе ви се укаже можност да го промените тој статус. Потрудете се да блеснете на интервјуто за работа. На емотивно поле, ако сте сингл, ве очекува нова љубов. Ако сте во врска, подготвени сте да му се посветите на односот со саканата личност. Здравје и совет: Редовно проверувајте го крвниот притисок.

Скорпија

Ги преиспитувате своите чувства кон некого или како се чувствувате во врска со себе. Тука ќе имате големи осцилации – чувствата може да бидат еден момент горе, еден момен долу, но вие секако ќе успеете да пронајдете нешто интересно за вас. Многу е важно да излезете, особено со некој кој ви е важен.

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА НОЕМВРИ: Нè очекува љубовен и бурен месец

Стрелец

На деловно поле, не е поволен ден ако се занимавате со приватна работа. Во наредниот период ќе ви биде потребно многу трпение за да ги разрешите непријатните ситуации во деловното опкружување. Додека, пак, на емотивно поле, денот е одлично поставен за разговор со личноста кон која имате силни емоции.

Јарец

Среќата ве следи денес на сите полиња. Можете да очекувате решавање на деловните проблеми. Тоа ќе донесе големо олеснување, бидејќи носите голем товар. На емотивно поле, уживате во флертот со личноста што ви се допаѓа и ја чекате првата можност да го направите првиот чекор кон неа. Вие ќе бидете иницијатор.

Водолија

Ова е ден кога треба да ги пречекате слатките мали работи едно по друго, осврнете се на минатото и потоа свртете се кон иднината. Низ таквите разговори ќе можете да увидите дали и колку имате заеднички желби и цели. Денес ќе бидете во можност да ги здружите сите успеси на љубовен план, кои сте ги оствариле изминатите недели.

Риби

Ѕвездите ви нудат одлична енергија, а на вас е да ги споделите своите чувства со саканата личност. Голема е веројатноста да се воспостави вистинска хармонија. Можеби нема да чувствувате некоја претерана емоција, но ќе ви биде убаво само затоа што сте заедно. Негувајте ја врската, затоа што партнерот навистина ве сака.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....