-0.2 C
Скопје
18:26 - 22 декември, 2024

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 14 ДЕКЕМВРИ: Пред вас е убав љубовен ден

дневен хороскоп

Овен

На повидок се бизнис патувања, нови учења, откривања на нови спознанија. Ќе уживате во средбата со една блиска личност. Некој во вас покренува лавина на позитивни асоцијации и нови емотивни желби. На работа чувствувате мала резигнација, бидејќи деловните настани не одат во посакуваната насока.

Бик

Ви недостасува трпение, а на партнерот му недостасува храброст да се соочи со заедничките проблеми. Смирете ги меѓусебните страсти. На деловно поле, не ви се допаѓа нечија улога на деловните состаноци, но не треба да се оптоварувате со проценувањето на туѓите вредности. Совет: Обрнете внимание на дишните патишта.

Близнаци

Во љубовта многумина конечно ќе успеат да го отворат своето срце и да се ослободат од препреките или фрустрациите кои ги кочеле. Ќе биде тоа подобрување во вашите лични односи, но и понатаму се советува претпазливост. Најмногу поради тоа што може да дојде до грешки во чекорите или до провокација од друга страна.

Рак

И покрај провокациите на работа, сепак, не дозволувајте во вас да преовладува несигурноста. Нема потреба да се оптоварувате со мрачни мисли. Ако се занимавате со интелектуална работа, ќе брилјирате во вашите настапи пред соработниците. Љубовните предизвици ќе се проретчат, а вашиот љубовен живот ќе се смири. Повеќето Ракови ќе бидат задоволни.

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (13. – 19. ДЕКЕМВРИ): Успех за Рибите, одлични вести за Биковите, љубов за Девиците!

Лав

Можно е да ги намалите излегувањата, а повеќе ќе уживате дома во друштво на саканата личност. Оние кои сѐ уште се сами, љубовта би можеле да ја најдат на сосема обични места. На професионално поле сето она што сте го смислиле и планирале полека ќе добива надворешни обележја. Помали проблеми поради некои работи од минатото.

Девица

Ако се чувствувате осамени, сметајте го тоа само како фаза, и дека сѐ ќе тече полека. На професионално поле главно ќе се стремите кон високи цели, а околностите и настаните ќе одат во прилог на тоа. Некои ќе ги препознаат приликите за усовршување на своите идеи. Одете чекор по чекор, бидејќи со тоа темпо и ќе отворате прилики.

Вага

Анализирањето на сработеното на колегите анализирајте го во тишина за да можете да продолжите понатаму. Ако сѐ уште сте сами и барате љубов, бидете одмерени и не навалувајте. Овој пат ќе се случи вие да бидете заведени, а не да заведувате. Затоа, можете да останете пасивни барем засега. Употребете го шармот во професионалните договори.

Скорпија

Пред вас е убав љубовен ден кога ќе можете да очекувате хармонија помеѓу вас и саканата личност. Ако сѐ уште сте сингл, секако излезете надвор во друштво, бидејќи шансите со некого да се зближите се зголемени. Ќе бидете заводливи, а лицата од спротивниот пол со задоволство ќе ви приоѓаат. Се наоѓате во фаза кога треба да решавате проблеми.

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП – ДЕКЕМВРИ 2021: Како ќе ја завршите старата година?

Стрелец

Од ситните работи, можеби не ја гледате главната работа, па крајната цел не ви е сосема јасна. Сепак, чекорите по сигурни и трасирани патишта, а ниту резултатите нема да изостанат. Работете дел по дел. Ќе се чувствувате амбивалентно и нема да ви биде јасно на што сте. Разбистрете се со аргументите.

Јарец

Помеѓу вас и саканата личност ќе имате сѐ повеќе размени на идеи, но и дистанца. Секој ќе посака нешто свое, а усогласувањето ќе биде низ компромис. Најдете златна средина и двајцата ќе бидете помирни. Во спротивно, ќе се чувствувате осамено. На дневен ред доаѓаат интелектуални борби. Ќе работите со чувство на незадоволство.

Водолија

Работата ќе станува сѐ поинтентензивна, а сѐ што ќе правите ќе поприма сериозен карактер. Со вашето големо его лесно можете да предизвикате иритација кај другите, но и кај саканата личност. Некои ваши колеги би можеле да бидат малку почувствителни, па помогнете им ако некаде заглават. Покажете поголема емпатија.

Риби

Ќе се двоумите како да се поставите во еден личен, интимен однос. Не ви се допаѓа тоа што сте провоцирани, но сепак, сакате да остварите подлабок однос со саканото лице. Што се однесува до работата, подготвени сте да ја препуштите на другите, а самите преферирате да се провлечете. Но, сепак, ќе мора да одработите важен деловен проект.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....