Астрологијата не е секогаш тука за да ни ги открие нашите најдобри особини и да ни помогне да ја пронајдеме нашата сродна душа. Понекогаш, таа се врти малку и на темната страна и ни ги открива нашите најлоши особини. Во продолжение прочитајте какви личности би биле доколку го живеевте животот по најлошото сценарио и кога би биле антагонистите во сопствената животна приказна.
Овен
Војник, лидер, склон кон игри и интриги, импулсивен, што е последица на неговиот колеричен темперамент. Луѓето ги гледа како објекти, посебно жените и оние кои се поразлични од него, и откако ќе ја заврши комуникацијата, ги турка на страна и ги заборава. Овните се добри економисти и обично добро заработуваат. Како маани можат да им се издвојат гордоста, брзоплетоста и егото, а во најлош случај можат да бидат садисти.
Бик
Темпераментен, дипломат, тврдоглав и мрзлив, освен ако не е добро платен за работата. Материјалист, често успешен во политиката и воените дела, но и во економијата и финансиите. Мецена за уметностите, а има талент да создаде нешто и сам. Ужива во храната, виното и доброто друштво. Како карактерни маани му се издвојуваат непопустливоста, склоноста кон алкохолот и љубомората.
Близнаци
Привлечни но ладни, интелигентни но неемотивни, самокритични но сакаат да ги критикуваат и другите. Бројот на лоши особини им е еднаков на бројот на добри особини. Контрадикторен, дуален знак кој денес вели едно, утре друго, а потоа го преанализира сѐ она што го кажал.
Рак
Воден знак со променливо расположение кој се пронаоѓа во секоја професија, но му треба време за да се одлучи само за една. Поетска и уметничка душа, емотивен, темпераментен, не покажува слабост кога е повреден или кога нешто му смета. Ја цени самотијата, но има потреба и од социјализација. Понекогаш склон на пороци.
Лав
Диктатор, не ги признава своите грешки, секогаш сака да биде во право, мирен е само кога е свесен дека е послаб од луѓето во околината каде што се наоѓа. Понекогаш може да биде добар дипломат. Вешт манипулатор, способен да ја натера масата да го сака и почитува и покрај неговите мотиви и методи. Кога има моќ, тогаш навистина има моќ. Исто како и со кралот на џунглата, така и со лавовите најдобро е да се нахранат и да им се даде простор за да не ја тиранизираат околината.