6.8 C
Скопје
15:48 - 22 декември, 2024

АСТРО СОВЕТИ: Како да ја усогласите личноста со стилот за да бидете неодоливи

Како да ја усогласите личноста и стилот? Можеби тоа ќе ви го открие вашиот хороскопски знак.

Овен

Родени сте во вистински огнен знак, сконцентрирани на остварување на своите цели и сакате да бидете во центарот на вниманието. Кога влегувате во некоја просторија, вие ги привлекувате сите погледи. Согласно со вашата личност сакате класична облека и со задоволство ја освежувате со детали кои не поминуваат незабележани, како на пример, припиени линии и посмели деколтиња. Купувањето е ваша страст. Умеете да изненадите со силни бои во гардеробата.

Бик

Решителни и практични во работата, но штом заминете од работното место ја откривате својата женствена страна. Невозможно е да се одолее на вашата умешност да постигнете се што сакате со насмевка. Модните додатоци се ваша страст и ги избирате со особено внимание. Умерено високи потпетици, големи торби со строги модели и по некој детал од светликава бижутерија.

Близнаци

Вечно девојченце кое не сака да порасне, љубопитна и превртлива, секогаш изненадува со својата оригиналност. Чувствувате потреба постојано да сте активни и во движење, а вашето расположение е променливо исто како вас. Сакате да се чувствувате млади и тоа се гледа од вашата едноставна „кежуел“ гардероба со која комбинирате секогаш оригинални модни додатоци. Облека со деколтирани елементи, во пастелни и живи бои. Доволно е едно парче накит под услов да е шарено и оригинално.

Рак

Вљубени во љубовта, традиционални и нагласено женствени. Без сомнение сакате да заведувате истакнувајќи ги своите облини. Затоа носите облека со големи деколтиња за да ја нагласите убавината на своите гради. Сакате облека која ја нагласува вашата става, но без претерување и вулгарности. Напротив, модните детали се внимателно одбрани и многу префинети.

Лав

Ви завидуваат на доброто расположение и животната енергија. Сигурни сте во своите квалитети и очекувате и другите да ги забележат. Радоста на живеењето доаѓа до израз во вашата гардероба со смели линии и впечатливи бои. Сакате да носите секси облека која ја комбинирате со спортски парчиња. Ви прилега злато, тантела и светкави апликации. Секогаш одбирате впечатливи работи кои го истакнуваат вашиот жив дух и во кои никогаш не останувате незабележани.

Вага

Родени во знакот на добриот вкус имате вроден стил. Елегантни сте, урамнотежени и преферирате бои од бајките. Вашата облека е рафинирана исто како и вие самите. Во потполна согласност со вашиот карактер обожавате скапоцени материјали и врвна изработка. Уживате да комбинирате едноставни со смели парчиња гардероба. Со еден збор, Вагата е астро кралица на стилот и вкусот.

Девица

Магнетно сте привлечни, а не сте ни свесни за тоа. Воопшто не забележувате каков фатален впечаток оставате. Педантна, реална и урамнотежена жена. Девицата  е и многу симпатична. Заради тоа успева без многу труд да предизвика восхит. Не сакате да бидете во центарот на вниманието, но знаете дека поседувате вроден шарм. Секој што ќе ве види првпат во припиена облека со нежни бои, нема да ве заборави. Природните тонови се идеални за вашата вродена воздржаност. Не е случајно што бирате облека со чисти линии и класични модни додатоци, а накитот е многу оригинален.

Скорпија

Полни сте со контрасти кои се изразуваат и во вашиот изглед. Имате смелост да облечете сако со строги линии на предизвикувачки комплет или пак машки панталони и огромно деколте. Боја за заведување- црна. Црна боја одбирате и за фустанот, но и за модните додатоци со кои ќе постигнете уште поагресивен изглед. Но тука се и сјајните детали за да блеснете во полн сјај. А  која Скорпија може да одолее на чипката? Изгледа дека не постои таква.

Стрелец

Друштвени и љубопитни, делувате неорганизирано, но всушност не сте такви. Напротив, ништо не може да ви побегне. Зрачите со веселост, но знаете кога треба да бидете сериозни. Екстравагантни сте и секогаш полни со идеи, си играте со она што го имате во гардероберот за да искреирате комбинации. Ви прилегаат интензивни но не многу дречливи бои. Гардеробата е едноставна, но деталите и комбинациите на облека ја откриваат вашата оригиналност.

Јарец

Отворена и решителна, жената Јарец знае што сака. Внимателно и со вкус го комбинирате тоа што го имате во плакарот, неробувајќи им на трендовите. Ви се допаѓа се што е едноставно, а премногу украси не се за вас. Класични линии и безгрешен вкус, тоа се елементи на вашиот стил. За вас како создадена е сивата боја и нежни и дискретни модни додатоци и детали.

Водолија

Вашето мото е да се живее вон поставените рамки. Ве привлекува се што е ново и необично, не дозволувате мислењето на другите да влијае на вас. Модата ве привлекува, но за вас претставува само поттик за осмислување на сопствениот изглед. Ве привлекува егзотиката и затоа сакате необични кроеви и детали. Не им робувате на правилата дури и кога одите на шопинг. Сакате чисти бои и не ги одбегнувате еднобојните комплети. За вас се идеални модни додатоци со чисти линии.

Риби

Чувствителна и многу нежна, жената Риба прво чувствува, а дури потоа сфаќа. Креативноста и фантазијата ја карактеризираат вашата облека. Ве привлекува се што има врска со бајките, ги сакате белата и сите нијанси на сината боја. Двојноста која е типична за вашиот знак доаѓа до израз и во изборот на облеката. Удобната и многу практична облека неизменично ја менувате со нежна и заводлива гардероба во впечатливи бои и со цветен принт.

Слични објави

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо
Се вчитува....