18:20 - 27 декември, 2025

Астро прогноза за среда, 21 декември

ОВЕН

Овенот ќе има напорен ден, велат ѕвездите. Важно е да ги извршите работите правилно. Ако се сожалувате или одлучите да се сомневате во сопствените способности, не можете да сметате на успех.

БИК

Бикот на 21 декември може да има многу идеи но и можности. Можности за интересна средба и разговор ќе има и на љубовен план. Со толку многу енергија, ќе послужите како инспирација за другите.

БЛИЗНАЦИ

На 21 декември Близнаците ќе можат да го направат невозможното, велат ѕвездите. И тие советуваат: ако на овој ден добиете понуда што ќе бара поголеми напори од вас, не одбивајте ја – ќе ви донесе голема добивка.

РАК

На 21 декември Раковите треба да одвојат „тајм аут“. Ѕвездите предупредуваат: ако премногу се активирате оваа среда, може да си наштетите.

ЛАВ

Лавовите денес ќе го покажат своето кукавичко лице, но ѕвездите предупредуваат да не се плашите од ниедна нова ситуација. Тие ве советуваат да ја зграпчите секоја прилика – а денес ќе имате многу, и дека 21 декември може да заврши многу неочекувано.

ДЕВИЦА

Девиците треба да бидат трпеливи оваа среда, велат ѕвездите. И советуваат: ако почувствувате иритација или голема нервоза – веднаш дајте си одмор,  земете здив и дури после тоа вратете се „меѓу луѓето“. Секоја кавга денес може скапо да ве чини.

ВАГА

На 21 декември Вагите ќе мора да спасат некого. Физички или психички, ѕвездите не прецизираат. Но, за секој случај ве советуваат да бидете подготвени на се.

СКОРПИЈА

На 21 декември Скорпиите треба да ја користат смислата за хумор, велат ѕвездите. И ве советуваат да не се плашите да влегувате во дискусии, па дури и во спорови. Денес ќе бидете победник во секоја ситуација.

СТРЕЛЕЦ

Стрелците ќе се најдат во тмурна  средина, затоа мора со сите напори да размислуваат позитивно. Само така ќе може да се избегне опасност од голем конфликт, велат ѕвездите.

ЈАРЕЦ

На 21 декември Јарците ќе треба да покажат хуманост, велат ѕвездите. Со други зборови, ако некој од вашето опкружување згреши оваа среда, треба да му помогнете, а не да го прекорувате. Очекувајте подоцна во денот интересен телефонски повик.

ВОДОЛИЈА

На Водолиите денес ќе им биде потребна нивната позната издржливост, велат ѕвездите. Не носете избрзани заклучоци, не влегувајте во конфликт со колегите или со партнерот. Колку и да не се согласувате со нешто, ѕвездите ве советуваат дека денес не е добар ден за дијалог.

РИБИ

На 21 декември Рибите ќе треба да го вклучат целиот свој шарм, велат ѕвездите. Ова ќе биде особено важно ако треба да убедите некого во нешто. И ќе успеете.

Слични објави

(Видео) Зорица Брунцлик го поддржа градоначалникот на Бања Лука: Драшко Станивуковиќ се закано со казни до 50.000 евра за настапите на Десингерица

Еспресо

„Ми пукнаа панталоните, а немав други“: Драма пред концерт, Цеца Ражнатовиќ настапи во комбинација позајмена од другарка

Еспресо

Диди Џеј купува куќа на Флорида: Пејачката планира да потроши милиони, соседи ќе ѝ бидат светски ѕвезди

Еспресо

Целосно се повлече: Ѓина Џиновиќ се исклучи од социјалните мрежи, еве што е причината

Еспресо

Еве зошто Милица Тодоровиќ одлучила да зачува матични клетки по породувањето!

Еспресо

Хороскоп за 27 декември: Биковите претерано ќе трошат пари, Вагите ќе нижат успеси

Еспресо
Се вчитува....