01:29 - 27 декември, 2025

Астро прогноза за сабота, 4 февруари

ОВЕН

Ако партнерот очекува акција од вас, веднаш дајте му/ѝ до знаење дека во моментот е на погрешна адреса. Денешниот ден искористет го за недовршените работи. Додека не ги завршите, нови можности нема да е појават на хоризонтот.

БИК

Ако барате партнер, не седете дома оваа сабота. Ѕвездите велат дека на 4-ти февруари до вас може да биде цела „војска“ на потенцијални партнери. Денес ќе зрачите со исклучителен шарм, искористет ја вечерта до максимум.

БЛИЗНАЦИ

Треба да бидете внимателни додека разговарате со избраниот. Секој наивен збор денес може да се сврти против вас и вашата врска. Затоа е подобро да молчите на 4-ти февруари.

РАК

Убави вести за Раковите. Ќе слушнете нешто за кое одамна сте чекале некаков расплет. Ѕвездите се денес на ваша страна и ве советуваат да ја искористите секоја можност што ви ја нуди денот, а ќе има повеќе можности на различно поле.

ЛАВ

Оваа сабота треба да покажете мудрост, трпение и предвидливост. Ѕвездите велат дека на 4 февруари на овој начин можете да ги доведете односите на подоверливо и поквалитетно ниво со сите околу вас, не само на љубовен план.

ДЕВИЦА

Слушајте го мислењето на партнерот на овој ден, советуваат ѕвездите. Дури и ако не го делите неговото гледиште, сепак мора да го земете предвид при вашите одлуки. Тврдоглавоста е таа што ви застанува на патот.

ВАГА

Оваа сабота е совршена за промена во вашиот личен живот. Исповедање љубов некому или, раскинување со токсична врска. Ѕвездите ве повикуваат да дејствувате според повикот на вашето срце.

СКОРПИЈА

Ако на 4 февруари ви треба поддршка од вашата сродна душа, кажете ѝ за тоа. Ѕвездите велат дека не вреди да се чекаат иницијативи од неа оваа сабота. Преземете се во ваши раце и организирајте си го денот.

СТРЕЛЕЦ

Ако одлучите да го тестирате трпението на партнерот на 4 февруари, дефинитивно ќе изгубите, велат ѕвездите. Затоа – наместо да се нервирате – искористете го денот на релаксација која толку многу ви треба, излезете во природа, посветете се на најблиските и не се занимавајте со квалитетот на вашата врска денес.

ЈАРЕЦ

Оставете ги пријателите и познаниците настрана на овој ден, препорачуваат ѕвездите. На 4 февруари вашата врска со партнерот може да достигне сосема ново ниво, затоа целата енергија вложете ја токму тука.

ВОДОЛИЈА

Ако чувствувате дека нешто не е во ред со вашата врска, тогаш знајте дека навистина е така. Затоа на 4 февруари започнете отворен разговор, ѕвездите велат дека денес можете да дојдете до вистината, без разлика на тоа каква е таа.

РИБИ

Дозволете вашиот сакан/а да го размазите на овој ден. Во последно време премногу сте преокупирани со работата и малку време оставате за љубовниот живот. Сабота е! Излезете на романтична вечера или организирајте средба во домашна атмосфера со свеќи.

Слични објави

(Фото) „Моето срце никогаш не било пополно“: Александра Шијакоска е бремена по вторпат

Еспресо

Шокантно признание! Пејачот откри детали од неговата љубовна врска со Јелена Розга: „Да, вистина е…“

Еспресо

Татјана и Новица си заминаа од Австралија: Нова земја во Новата година

msp-admin

(Фото) Кралицата на хрватските модни писти по 10 години се врати пред камерите: Погледнете како изгледа поранешната Мис Хрватска

Еспресо

(Видео) Андријана Јаневска емотивно раскажа ретка приказна за Тоше за една посебна ноќ

msp-admin

Македонската макенека која мистериозно си го одзеде животот, остана запаметена како најубавата и најуспешната

msp-admin
Се вчитува....