2.8 C
Скопје
19:53 - 22 февруари, 2025

Астро прогноза за понеделник, 26 декември

ОВЕН

Дали сакате да направите некоја личност да се чувствува добро? Тогаш не бидете себични, туку направете! Потребно е само да го помрднете „малото прсте“, или да завртите еден телефон. Толку ви е тешко да направите нешто мало што е многу големо за некој друг?!

БИК

Стравот од неуспех го тера Бикот да стагнира. Фокусирајте се на самиот процес, а не на очекувањата од другите и ќе успеете. Можеби не денес, ама сигурно до новата година.

БЛИЗНАЦИ

На Близнаците им е исклучително важно да добијат позитивна оценка за својата работа од колегите и претпоставените денес. Затоа, преземете акција! Среќата е на ваша страна.

РАК

Раковите добро знаат дека сите луѓе имаат право на грешки. Но, на овој ден, не сакате да му простите на некој што случајно ќе се сопне. Бидете попростливи.

ЛАВ

Не сакате да бидете измамени? Тогаш не поставувајте прашања на кои веќе ги знаете одговорите. Околностите на овој ден ќе ве потсетат колку е важно да го цениме она што го имаме.

ДЕВИЦА

Девиците ќе работат до границата на своите можности. За да стигнете со се навреме, јасно испланирајте го времето и обидете се да се држите до секојдневната рутина. Вие самите ќе бидете изненадени од тоа колку можете да направите.

ВАГА

Стремежот кон совршенство е одлично нешто. Но кој е совршен? Не губете ја од вид реалноста, предупредуваат ѕвездите.

СКОРПИЈА

На овој ден, Скорпиите нема да доживеат чувство на задоволство, дури и ако го постигнат она што го сакаат. Можеби сонувате за нешто друго? Можеби е вистинско време за промени на љубовен и професиоанлен план.

СТРЕЛЕЦ

Некои од колегите ќе му се обратат на Стрелецот за мудар совет. Дајте се од себе. Ѕвездите ве предупредуваат дека во блиска иднина и тие ќе ви помогнат вам.

ЈАРЕЦ

Универзумот подготви нешто посебно за Јарците денес. Глобални промени претстојат за вас! Како вистински земјотрес, на сите полиња на животот.

ВОДОЛИЈА

Смеата не само што го продолжува животот, туку помага и да се надминат одредени животни околности. Однесувајте се кон сè со хумор, и светот ќе стане посветол, а луѓето што денес ги мразите – ќе станат поубави.

РИБИ

Рибите се премногу горди за да побараат помош. Запомнете дека постојат ситуации во кои едноставно сами не можете да се справите. Затоа, не ризикувајте, предупредуваат ѕвездите.

Слични објави

Продала носени гаќички за 10.000 долари: Тамара Бојаниќ откри какви барања добива на платформата за возрасни

Еспресо

Драгана Мирковиќ во друштво на еден од најмоќните луѓе: Дали луксузниот одмор во Дубаи крие и нов бизнис?

Еспресо

(Видео) Поранешната на Харис Џиновиќ „уловена“ во Монако: Мелина излегла од луксузен хотел, па ја пречекале со бесен автомобил бентли

Еспресо

(Фото) Сергеј Трифуновиќ приклучен на инфузија: Сопругата Исидора објави фотографија, цело време е покрај него

Еспресо

Хороскоп за 22 февруари: Стрелците ќе бидат повредени во љубовта, Девиците ќе решат семеен проблем

Еспресо

Славење во домот на Анабела „Фанки џи“: Луна Ѓогани му се обрати на својот очув со емотивни зборови

Еспресо
Се вчитува....