2.8 C
Скопје
19:11 - 21 февруари, 2026

Астро прогноза за недела, 29 јануари

ОВЕН

Втората половина на овој ден може да биде исклучително чувствителна, предупредуваат ѕвездите. Ако одлучите да започнете сериозен разговор, изберете поедноставни и помеки фрази. Но наместо сериозни разговори, зошто не би организирале романтична вечера?

БИК

На некој близок може да му биде очајна потребата од ваша поддршка на овој ден. Ѕвездите советуваат да покажете чувствителност и грижа на 29 јануари. Давајте, и двојно ќе ви се врати.

БЛИЗНАЦИ

Доколку се скарате со партнерот, не обидувајте се да го оставите сам/а во оваа состојба. Ѕвездите предупредуваат: без ваша контрола, тој/таа може да направи глупави работи.

РАК

29 јануари е ден на убави вести за Раковите. Можеби вашите блики роднини ќе ви кажат нешто што пријатно ќе ве изненади. Осамените пак, ќе блескаат со шарм и магнетски ќе го привлекуваат спротивниот пол, само внимавајте да не завршите во кревет за една ноќ, наместо во сериозна врска.

ЛАВ

Ако е можно, поминете го овој ден одвоено од партнерот, советуваат ѕвездите. Ако тоа не е можно, тогаш повеќе молчете – оставете го избраниот/та да зборува и сам/а да извлече заклучоци. И никако не влегувајте во кавги зашто ништо добро нема да излезе од тоа.

ДЕВИЦА

На 29 јануари, на саканата личност ќе му/ѝ биде потребна вашата поддршка, можеби пасивна. Ѕвездите советуваат да слушате повеќе денес и да се согласувате со него/неа оваа недела. Покжете пријателство, не мора се да се прави од „интерес“.

ВАГА

Ако партнерот инсистира на нешто, не се согласувајте веднаш со него/неа, дури и ако сè изгледа сосема логично. Ѕвездите велат дека на 29 јануари ќе ви биде важно да се слушате себеси. Верувајте на својата интуиција, по цена и да добиете критики.

СКОРПИЈА

Некој сакан оваа недела може да ви падне под жешка рака. Веднаш предупредете го за ова, за подоцна полесно да го објасните вашето однесување на 29 јануари.

СТРЕЛЕЦ

На овој ден, можете безбедно да се занимавате со сопствените работи и хоби, игнорирајќи ги потребите на вашиот партнер. Ѕвездите велат дека врската нема да страда поради тоа. Вечерта слободно резервирајте си ја за друштво со пријателите/пријателките.

ЈАРЕЦ

Доколку сте во потрага по партнер, на 29 јануари можете да направите сериозен пробив кон целта, велат ѕвездите. Затоа постапувајте смело и не плашете се од вашите фантазии. Отворено искажете ги.

ВОДОЛИЈА

Пазете се од убавите претставнички на спротивниот пол на 29 јануари. Ѕвездите велат дека на овој ден може да страдате поради вашата љубомора. Се што ви треба денес е насмевка на лицето и употребете го вашиот шарм.

РИБИ

Личноста што ја сакате ќе биде покрај вас на овој ден. Ѕвездите велат дека заедно можете многу повеќе од индивидуално. Врската ви станува се подлабока и се повеќе добива смисла. Осамените Риби денес ќе бидат емоционално исполнети, новата љубов им е на прагот.

Слични објави

(Видео) Скандал на сцена! Десингерица донесе живо јагне среде настап, кутрото животно сакало да избега

Еспресо

Јована Јеремиќ забранета во Црна Гора, водителката веднаш се огласи

Еспресо

Мина „се пожали“ од Огњен, но се пофали со свекрвата: Бабата Снешка е столб на семејството по тешкото минато

Еспресо

Хороскоп за 21 февруари: Раковите треба да ги споделат чувствата, Стрелците ќе размислуваат за нови идеи

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо
Се вчитува....