10:39 - 20 мај, 2026

Теа Таировиќ: Сакам да одам на Евровизија и знам дека би успеала

Популарната пејачка Теа Таировиќ привлече огромно внимание кај медиумите појавувајќи се на промоцијата на новиот албум на реперот Нуќи.

Теа за оваа пригода одбра впечатлива, целосно розова комбинација, а во разговорот со новинарите отворено зборуваше за евровизиските амбиции, колегите од естрадата и претстојната летна турнеја.

Откако фановите на социјалните мрежи масовно коментираа дека нејзиниот хит „Bonita“ бил идеален за евровизиската сцена, Теа откри дека има желба да се проба на ова престижно натпреварување, но и дека би вовела одредени промени во својот настап.

„Би сакала да одам на Евровизија. Што се однесува до условите и критериумите, сигурна сум дека би ги исполнила сите, а во настапот дефинитивно би вклучила и изведба на странски јазик“, искрена беше пејачката.

Таа се осврна и на настапот на групата „Лавина“, истакнувајќи дека момците го дале својот максимум:

„Музичкото натпреварување е целосно непредвидлива работа, исто како и вкусот на публиката. Не мислам дека на нашите момци нешто им фалеше, тие дадоа сè од себе.“

Теа ја прокоментира и регионалната сензација Дара од Бугарија, која деновиве е во фокусот на јавноста:

„Дара не ја познавам лично, првпат слушнав за неа пред да победи. Фантастична е, песната е одлична, а таа е вистински вулкан на сцената.“, рече Теа.

„Пресреќна сум, летната турнеја само што започнува и едвај чекам да ги пееме сите овие песни заедно во живо“, заклучи Таировиќ.

Слични објави

(Фото) Ана Севиќ ја криела тетоважата со години, сега се пофали и покажа каде е

Еспресо

(Фото) Снеже Велков покажа зошто е толку згодна, вака вежба рано наутро

msp-admin

Дневен хороскоп за 20 мај: Бидете внимателни во комуникацијата со соработниците

apostolova

Еве каде е пораснат Јаков Јозиновиќ, 20-годишното момче кое ја распродаде Белградската арена

Е.А.

 Рамен стомак и мускули –  Наташа Беквалац се соблече во костим за капење

Е.А.

„Со Соња зборувам, ама…“ – Жељко Шашиќ по 30 години кариера закажа прв голем концерт во Белград па откри како реагирала поранешната сопруга

Е.А.
Се вчитува....