2.8 C
Скопје
16:40 - 17 декември, 2025

Попоски предупредува на голема внимателност: Доаѓа невреме, еве кога

Во следните денови се поизразена ќе биде нестабилноста во Македонија, а ќе има и се почести поројни врнежи од дожд на МНОГУ МЕСТА.

Нашата територија до првите денови од месец јуни ќе се наоѓа под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот, како и на влажна и на нестабилна воздушна маса. Времето ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди.

Од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во Атмосферата, локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.

Во периодот пред нас, врнежите повремено ќе бидат ДОСТА ИНТЕНЗИВНИ и локално се очекува да наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 60 л/м2). Токму поради ова постои опасност од локални ПОПЛАВУВАЊА, АПЕЛИРАМЕ граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.

Во Скопје  и околината исто така ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на НЕВРЕМЕ во делови од котлината.

Температурите ќе бидат околу просекот за овој период од годината, и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени, што значи за првиот поизразен топол Африкански бран и понатаму ќе се изначекаме.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Орландо Блум ја „спушти“ Кети Пери по раскинувањето: „Сега си барам партнерка со пари и со стил“

Еспресо

„Подготвена за Божиќ“: Бресквица покажа дека е вистинска домаќинка, еве како се снаоѓа во кујна

Еспресо

(Фото) Новогодишна бајка: Тамара Тодевска му направи магична роденденска прослава на синот!

Еспресо

Три месеци по породувањето: Александра Пријовиќ откри како ќе се справи со првото одвојување од ќеркичката Арија

Еспресо

(Видео) Голема неправда за Игор Џамбазов во еден многу тажен момент

msp-admin

Ана Николиќ го нападнала Рале со нож поради Карлеуша: Ѝ пратил порака…

Еспресо
Се вчитува....