2.8 C
Скопје
16:42 - 17 декември, 2025

(Фото) За 20 години Модна недела Скопје продефилираа познати лица и поранешни модели: Од Ирена Спировска до Коки Лондза, еве кои сè беа на сцената

Вчеравечер во хотелот Лимак во Скопје се одржа гламурозна модна ревија по повод големиот јубилеј 20 години од првата Модна недела одржана во Скопје – Fashion Week Skopje Macedonia, која тогаш, а и сега ја организираа Мики Црнокрак и Милорад Цајиќ со нивните агенции Модното студио Црнокрак и Кворум моделс.
На ревијата модели од Fashion Group носеа манекени и манекенки кои и тогаш пред 20 години учествуваа на таа прва Модна недела, одржана во хотелот Холидеј Ин во Скопје.
На модната писта се појавија Светлана и Мики Црнокрак, Сани Богдановска, Ирена Спировска, Вера Мештеровиќ, Ана Биновска, Марија Васиќ, Драгана Клопчевска, Армандо Чаволи, Коки Лондза и многу други, испратени со громогласни аплаузи кои не пресануваа во текот на целиот настан од многубројната публика која ја исполни големата сала на хотелот Лимак, дојдена да го испрати овој навистина голем и гламурозен моден настан.

Слични објави

Орландо Блум ја „спушти“ Кети Пери по раскинувањето: „Сега си барам партнерка со пари и со стил“

Еспресо

„Подготвена за Божиќ“: Бресквица покажа дека е вистинска домаќинка, еве како се снаоѓа во кујна

Еспресо

(Фото) Новогодишна бајка: Тамара Тодевска му направи магична роденденска прослава на синот!

Еспресо

Три месеци по породувањето: Александра Пријовиќ откри како ќе се справи со првото одвојување од ќеркичката Арија

Еспресо

(Видео) Голема неправда за Игор Џамбазов во еден многу тажен момент

msp-admin

Ана Николиќ го нападнала Рале со нож поради Карлеуша: Ѝ пратил порака…

Еспресо
Се вчитува....