1.8 C
Скопје
11:14 - 18 декември, 2025

Колку заработуваат возачите на автобуси во Германија: „Дојдете на работа, хронично ни недостасуваат возачи“

Саатницата на возачите на автобуси во јавниот превоз во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија е 15,60 евра.

Германија има огромен дефицит на професионални возачи, поради што автобуските компании се повеќе се принудени да ја ограничат својата понуда и да ги откажуваат линиите – објави Асоцијацијата на германски транспортни компании (ВДВ).

Претседателот на ВДВ Харалд Краус, откри дека многу возачи ги напуштиле своите работни места поради ниските плати: „Не знам ниту една компанија од секторот за автобуски транспорт што не била принудена да откаже барем една линија. Финансиските услови се подобрени сега, кога важноста на јавниот превоз е зголемена, но едноставно недостига кадар“, вели Краус, пишува autoklub.hr.

Саатницата за возачите на автобуси во јавниот превоз во сојузната покраина Северна Рајна Вестфалија изнесува 15,60 евра, тоа важи за почетници додека возачите со поголем стаж имаат подобри услови.

Од Унијата на меѓуградски и меѓународни автобуски превозници (ДБО) изјавија дека моментално им недостигаат 7.800 возачи, а до 2030 година бројката ќе порасне на 87.000 возачи.

Како што нагласи минатата недела германскиот министер за труд Хубертус Хајл, Германија се уште се соочува со голем недостиг на работна сила. Тој најави дополнителни стимулативни мерки за имиграција на работници во Германија, јави Хина.

Сојузниот завод за вработување на почетокот на месецот објави дека се уште има голема побарувачка за квалификувани работници, особено во здравствениот и ИТ секторите.

Слични објави

Нада Топчагиќ во свој стил застана во одбрана на колешката: „И на Цеца и на Брена џабе им се парите, Вера изгледа најдобро!“

Еспресо

(Фото) Кафе со Анушка: Спасен Силјановски го покажа убавиот дом

msp-admin

Александра Пријовиќ плаќа 30.000 евра за градинката на својот син, секој ден доаѓа возач да го земе малиот Александар

Еспресо

(Видео) Татјана Лазаревска го покажа домот во Австралија, еве што направија со Маријана Новачевска

Еспресо

Раде Шербеџија со концерт во Филхармонија на 23 јануари

Еспресо

Сузана Манчиќ ги откажа сите празнични планови: Поради болест ќе ги мине празниците скромно

Еспресо
Се вчитува....