21.6 C
Скопје
01:01 - 1 август, 2026

„Мојта прва сопруга е преубава, а никој не пишува за неа“: Ова е поранешната сопруга на Данило Икодиновиќ 

Данило Дача Икодиновиќ неодамна се најде во центарот на вниманието по разводот од Маја Огњеновиќ, со која помина осум години во брак. Една од клучните причини за нивниот раздор била трета личност.

Пред бракот со Маја, Данило бил во брак со Наташа, а пред пејачкатаја сакал Ања – жена која до ден-денес е вистинска мистерија за јавноста.

„За мојата прва сопруга никој не пишува“

Имено, неговата прва сопруга Ања, со која ја добил ќерката Андреа, никогаш не се експонирала во јавноста.

Ања и Данило се венчале во 2000 година и ја добиле ќерката Андреа, која денес е веќе возрасна девојка.

Сепак, овој брак не траел долго, па Данило и Ања се развеле во 2003 година.

За животот на првата сопруга на Данило не се знае многу, бидејќи таа живее далеку од медиумското внимание, а спортистот еднаш изјавил:

„Еве, мојата прва жена е прекрасна, па зошто никој не пишува за неа? Кој сака сензација – тој и ја добива.“

Вистинската причина за разводот од Маја

Да потсетиме, иако медиумите пишуваа дека причината за раскинот меѓу Икодиновиќ и Маја по осум години брак била неговата одлука да живее во Италија, поточно во Трст, се чини дека вистината е сосема поинаква. Никакво преселување не ја нарушило нивната врска, туку ново-старата љубов на Дача.

Атрактивната русокоса често ја поврзуваа со многу моќни мажи од јавниот живот, иако таа тоа никогаш не сакала да го признае. Познато е дека таа била на турнеја со еден познат музичар од нашите простори, кој е признат и во светот. Како што тогаш пишуваа одделни медиуми, тој на концертите секогаш се појавувал со неа.

По турнејата во странство, водителката се појавила на еден негов концерт во Србија, но тогаш не им дозволила на медиумите да ја фотографираат, истакнувајќи дека дошла да го поддржи пријателот, а не да се фотографира.

Сепак, не одолеала на својот Фејсбук профил да објави фотографија од концертот. Никој никогаш не ја потврдил љубовната врска меѓу музичарот и водителката, но никој не ја ни демантирал.

Слични објави

(Фото) Новата снаа на Лепа Брена ги покажа заносните облини – меѓу градите крие тетоважа

Еспресо

Дарко Лазиќ демантира дека бил исфрлен од клуб: „Пеев час и половина, а не ми платија“

Еспресо

Теодора Џехверовиќ отворено за конфликтот со колешката Ема Радујко: „Не толерирам непочитување“

Еспресо

Дара Бубамара полека го воведува партнерот во светот на естрадата

Еспресо

(Фото) Прва фотографија од Дea Ѓурѓевиќ од породилиштето: Водителката блеска само два часа по породувањето

Еспресо

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо
Се вчитува....