13:39 - 9 јануари, 2026

Вуки ЕДВАЈ ПРЕЖИВУВАЛ на скопските улици, а денес игра и фудбал со дечињата!

Тимот на Јавното претпријатие за благостостојба и заштита на бездомните кучиња „Лајка“ ни ја раскажува среќната приказна за едно од многуте кучиња кои имаа среќа да пронајдат топол дом. Ова е приказната за хаската Вуки. 

фото – „Лајка„

По половина година мината во стационар и упорност на тимот на „Лајка“ се најдоа соодветни вдомувачи на хаската Вуки, која инаку, веднаш стана миленик на сите негователи вработени во ЈП Лајка.

-По пријава од засегнати граѓани пред точно шест месеци од Општина Кисела Вода во тешка состојба беше пронајдено и заловено куче кое налик не изгледаше воопшто добро. Нашиот тим на оперативни работници- заловувачи успеаа да го заловат и донесат во нашето прифатилиште- вели негователот Бобо.

Од страна на докторот по ветеринарна медицина, раскажува Бобо, е утврдено дека станува збор за расно куче – хаска, кое подолг временски период преживувало низ скопските улици.

-Ветеринарните техничари ги направија сите потребни испитувања врз него, при што е утврдено дека има кожна болест, односно демодикоза. Работевме многу време со него, долг период Вуки беше под терапија, но успеа да закрепне и да го врати својот убав лик кој доликува за неговата раса- раскажува раководителката на оддлението за вдомување, Слаѓата Стаменкова.

Благодарение на вработените од Амбулантата при ЈП Лајка и негователите од одделот Вдомување кои пружија соодветен стручен третман, посветеност, грижа и социјализација денес Вуки е среќа и комплетно здрава единка.

– За Вуки пристигнуваа апликации од многумина потенцијални вдомувачи, но ние ја избравме совршената двојка која несебично ги отвори вратите од својот дом и отстапи катче само за него, вели Слаѓана Стаменкова.

Неговите сопственици се многу задоволни, велат дека домот им е исполнет со позитивна енергија откако Вуку е нов член на семејството.

-Внуците најмногу се израдуваа на Вуки, тој заедно со нив игра фудбал. Радоста кај внучињата се забележува на нивниот лик. Вдомивме прекрасно куче од вас- истакува новиот сопственик на Вуки, Лазар Лазаревски.

Хаските поради нивниот вроден темеперамент е една од најнапуштените раси, затоа тимот на Лајка е тука и пружаат соодветна грижа и нега за бездомните кучиња кои цирклулираат на територија на град Скопје и целат да го подигнат на повисоко ниво одговорното сопствеништво.

фото – „Лајка„
фото – „Лајка„
фото – „Лајка„
фото Фејсбук
фото Фејсбук

Слични објави

(Видео) Инспектор Томе од „Преспав“ во досега невидено издание, ваков не го знаеме

msp-admin

Нови детали за трагичната смрт: Фризерот што го прослави Карлеуша се разболел во Занзибар и починал по враќањето во Белград

Еспресо

(Видео) Му пеела пред да почине: Калиопи откри интимна приказна

msp-admin

(Фото) Полугола и мокра, Маја Шупут во сензуална прегратка на Шиме

Еспресо

(Видео) За неа тоа беше шокантно: Каролина раскажа што ѝ се случи во Јапонија

msp-admin

(Видео) Дарко Лазиќ повторно шокираше: Пејачот врза санки за автомобилот, па ги влечеше децата

Еспресо
Се вчитува....