9.8 C
Скопје
08:27 - 19 март, 2024

(ФОТО) ПРИКАЗНАТА НА САШО СПАСОВСКИ: Бил бездомник, сега работник вклучен во производство на био хумус

Пред 2 години бил бездомник кој ги користел услугите на Црвен крст во Момин поток, денес со полни 52 години, работи на производство на био хумус и така заработува.

Сашо Спасовски е жив доказ дека и покрај несреќните моменти во животот, кога во одреден час губите сè што имате и завршувате на улица без трошка надеж, можете повторно да почнете одново, но да заборавите на зборот ,, не можам “.

– Јас сум веќе две години вработен, 6 месеци бев на обуки кои ги организираше Здружението на граѓани ,,Ин Виво”. Успешно ги поминав предавањата и брзо научив како се одвива процесот на производство на хумус и веќе две години работам на тој проект – вели Сашо.

фото приватна архива

Уште пет лица кои ги користат услугите на Пунктот за бездомници во Момин Поток ќе бидат ангажирани за производство на биоразградлив хумус. Ова е проект што го реализира Здружението на граѓани за социјален и економски развој „ИН ВИВО“ од Скопје во соработка со Црвениот крст на град Скопје.

Ова место, оваа шанса јас ја нарекувам светилник, затоа што секој кој што бил во еден тунел, како што бев и јас, да го потсетиме на времето кога ги немал проблемите. Некогаш длабоко навлегуваме во проблемите, судбина е тоа, ќе тргнеш по погрешен пат, но доаѓа време кога може да си дадеме нова шанса, затоа мораме и можеме да му помогнеме некому, успешно да се реинтегрира во општеството – објаснува Спасовски.

Целта е бездомниците да се тргнат од улица и да се вклучат во социјалното претприемништво.

– Крајниот импут е тие да го произведуваат хумусот и да имаат средства, да заработуваат и да се чувствуваат корисни, вели Дејан Стојановиќ, основач и извршен директор на Здружението ,,Ин Виво” и додава:

– Она што е еден од основните постулати на Здружението е дека ние сме отворени за соработка за сите кои што сакаат. Ако доје лице кое што незнае, ќе го научиме, ако дојде лице кое има телесен или ментален хендикеп, ќе ги прилагодиме активностите на тоа, но за жал има повеќе лица кои не сакаат, тоа е поголемиот проблем.

Иако животот може да биде непредвидлив, преку примерите како Сашо, можеме да им докажеме дека промените можат да се случат, ние сме тука за нив – вели Стојановиќ.

-Здружението е формирано во 2018 година и една од нашите основни цели е практикување на социјалното претприемништво, со цел да им се помогне на лицата од маргинализираните категории на лица .

Тој објасни дека биоразградливиот хумус се произведува на парцела од 13.000 квадратни метри во атарот на селото Јаболци, а одговорен за тоа е 52-годишниот Спасовски.

Во моментов на располагање имаа 10 тони хумус, а прв кој купил дел од него е Црвениот крст на град Скопје за нивни потреби.

ФОТО – приватна архива

Слични објави

На седмо небо: Три хороскопски знаци ќе ја најдат судбинската љубов многу наскоро

еспресо

(Фото) Ким Кардашијан покажа ретка фотографија пред пластичните операции: Нема да ја препознаете!

еспресо

„Немам дечко веќе 40 дена“: Дара Бубамара отворено за мажите и врските

Еспресо

(Видео) Лозано има нова песна, слушнете ја „Бариера“

еспресо

Невкусен мајтап на Ким Кардашијан на сметка на „исчезнатата“ принцеза: „Одам да ја најдам Кејт“

еспресо

(Видео) Теа Таировиќ провоцира: Пејачката заводливо танцува во тесни хеланки

jasmina.kantardzieva
Се вчитува....