Разговараме со Џоко Ризов, поддржувач и практикувач на активен туризам, кој добар дел од своето време, го минува на Кожув.
Но, за Џоко Кожува не е само предизвик како планина, како природна убавина. Тој го „живее“ Кожув на поинаков начин, меѓу другото, и преку плодовите кои ги дава планината. Неговите документирани записи постирани на социјалните мрежи, ја поттикнуваат љубопитноста на бројните следбеници, а придонесуваат и за промовирање на активниот туризам. Многумина, привлечени токму од видеата на Џоко, почнаа да планинарат.
Џоко е махер и за готвење, се разбира, ги користи даровите од природата, а рецептите најчесто ги приготвува на карпест камен.
Зошто го одбра Кожув за своевидно твое живеалиште?
– Живеам во Гевгелија, а љубовта кон Кожув датира од најмали нозе, секое слободно време кое ќе ми се пружи го користам пешачејќи или возејќи велосипед на Кожув, уживајќи во чистиот воздух и прекрасните пејсажи кој ги нуди. Доколку временските услови дозволуваат, кампувам собирајќи шумски плодови и подготвувам храна.
Колку според тебе е застапен активниот туризам и во кој правец би требал да се развива?
– Активниот туризам во последните две години, по избувнувањето на пандемијата со ковид 19, зема сè поголем замав, односно интересот на луѓето е сè поголем. Често се случува при објава на фотографии на социјалните мрежи да се постави прашањето – зар ова е во Македонија?, а потоа и да се бара самата локација.
Активниот туризам треба да се развива во правец на обнова на планинарските домови како и нивната достапоност, изработка на национална апликација каде што ќе бидат вметнати сите планински, велосипетски патеки, како и други податоци неопходни за успешен активен туризам.
Колку пак, жителите на нашата зеемја, според тебе, се еколошки освестени, има ли некаков напредок денес во споредба со пред десетина години?
– Има сè поголем напредок во еколошката свест на луѓето кој активно ги посетуваат планинските предели, но еколошката свест сè уште е на исто ниво кај луѓето кои извршуваат работни задачи (собирање шумски плодови и сеча на шума) во планинските предели, па така често можат да се најдат отпадоци на самите места.
Какви задоволства добиваш од планината и дали е возможно да се живее само од плодовите кои ги дава?
– Како што реков, чистиот воздух, прекрасните пејсажи, адреналинските спортови, собирањето на шумски плодови, готвењето и тишината придонесуваат за релаксација од брзиот живот кој го живееме. Секако дека е возможно, освен зимскиот период кога повисоките предели се покриени со снег, во другите три годишни времиња секогаш има различни плодови кои можат да се собираат а и доста често постигнуваат голема цена на пазарот.
Подготвуваш здрава храна на специфичен начин, можеш ли повеќе да нè упатиш како тоа го правиш и што подготвуваш?
– Секогаш најголемо внимание обнувам на изборот на артиклите кои ги користам, преферирам да се од домашно производство или собрани на самото место. При готвењето секогаш се трудам да користам малку зачини со цел да дојде до израз природниот вкус на зготвеното. Најчесто приготвувам храна на карпест камен богата со месо и печурки.
Имаш ли чести посети? Што е со твоите млади пријатели, дали се заинтересирани да го следат твојот пример?
– Ха ха… Заедно со моите пријатели како и ентузијасти го користиме секое слободно време за посета на планината, многу често знаеме и да преспиеме со цел да поминеме повеќе време кое го сметаме за драгоцено. Што се однесува до помладите, најчесто добиваат интерес од фотографиите и видеата, но потоа брзо го губат.
За крај, може ли да нè почастиш со еден оригинален планински рецепт?
– Еве еден здрав рецепт со печурки. Од намирници потребно ви е – 500 грама свежа Сончарка (Marcolepiota provera), 1 јајце, 100 грама брашно, сол, мелен црн бибер. Подоготвака – Се мати јајцето, свежата сарандачка се потопува во изматеното јајце и се попрашува во смесата од брашно, сол и мелен црн бибер. Истата се пржи во зејтин.
Добар апетит!
*
Овие написи може да ги следите и во групата … ДВОРЧЕТО …, група во која има едно чудо разноразни убавини, и која ви ја препорачуваме да ја посетите и да си станете нејзин член!
УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА И ВИДЕАТА!
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram