-2.2 C
Скопје
22:40 - 21 ноември, 2024

(ФОТО) ДАЛИ ВАН ГОГ САМ СИ ГО ИСЕКОЛ УВОТО? Додека бил жив, уметникот успеал да продаде само една слика

Денес еден од најценетите уметници и сопственик на најпрепознатливиот сликарски стил, Винсент Ван Гог, во своето време бил попрепознатлив по епитетот луд, отколку неговата генијалност.

Во прилог на тоа бил и фактот што Ван Гог пател од неколку душевни болести, иако неговото „лудило“ и покрај бројните теории и анализи се уште не е во потполност разјаснето.

Тој работел 20 часа дневно и во животот направил преку 800 слики од кои успеал да продаде само една. Тие истите дела кои биле сметани за безвредни додека Вон Гог ги сликал, денес ги красат ѕидовите на најпрестижните галерии, а нивната вредност е милиони долари.

„Сликав со сето срце и душа, а умот го изгубив во меѓувреме“, рекол во една прилика прочуениот сликар.

Сликите на Ван Гог зрачат со невообичаен немир, дури и кога на нив се наоѓаат најидиличните пејзажи. Доколку гледањето во неговите ѕвездени неба, житни полиња, ириси, сончогледи или огнени зајдисонца во вас буди невообичаени и силни чувства, можеби можете да ја насетите емотивната и душевна состојба на овој уметник.

Инцидент со увото

Познато е дека Ван Гог во еден момент на лудило го пресекол сопственото уво и го подарил на проститутка од борделот кој се наоѓал во близина. Тоа било случување кое е сфатено како кулминација на неговото лудило и уште една ставка во денес општоприфатената биографија на овој уметник. Тоа што е помалку познато е приказната која претходела на ова случување.

Фото: Profimedia

Всушност, после неколку неделен престој во градот Арла, Ван Гог го делел својот дом со уште еден сликарски великан – Пол Гоген. Меѓутоа, нивниот однос не можел да се нарече пријателски. Честите караници довеле до тоа да една ноќ Ван Гог посегне по ножот и си го пресече увото, или тоа сепак го направил Гоген за време на нивната расправија – наведува другата теорија.

Исто така, постојат различни теории за тоа дали Ван Гог го пресекол целото уво или само дел од него. Писмото на францускиот доктор кој го лечел Винсент, Феликс Реј, ги решило сите овие дилеми. Во него имало цртеж на кој било прикажано колку е оштетено увото.

После овој инцидент, Ван Гог бил сместен во душевна болница, а холандските весници следното утро објавиле текст со следната содржина: „Вчера во 23:30 сликарот чие име е Винсент Ван Гог се појавил пред борделот (Maison de tolérance nr. 1) барајќи ја девојката Рејчел и предавајќи ѝ го своето уво велејќи: Чувај го ова како богатство; и потоа исчезнал. Полицијата после тоа била известена за настанот, кој единствено можел да настане од страна на несреќен и луд човек, па наредното утро го побарале овој човек. Тие го пронашле во кревет со едвај видливи знаци на живот“.

„Јас сонувам слика, а потоа го насликувам сонот“

Периодот додека Ван Гог бил во душевната болница истовремено бил и еден од неговите најпродуктивни сликарски периоди. Завршил преку 100 цртежи и насликал 75 слики, помеѓу кои е и неговата позната „Ѕвездена ноќ“.

Ван Гог никогаш не сликал за време на своите напади, но неговата болест и заробеност во болницата многу влијаеле на уметничките теми со кои се занимавал во своите слики.

Приврзаноста кон религиозната тематика, како и тематиката на семејниот живот и животот на затвореник, биле директна алузија на неговата лична ситуација.

Винсент бил посветен на својата работа и живеел за уметноста и љубовта, покрај тоа што се повеќе станувал анксиозен, депресивен и осамен, а на својот брат Тео, кој секогаш го поддржувал емотивно и финансиски, му пишувал како е очаен и бесен на самиот себе бидејќи не може да работи онака како што би сакал и дека се повеќе е убеден дека неговиот живот е едно големо промашување.

Расеан и меланхоличен по природа, Ван Гог неговата посветеност кон работата го водела кон запоставување на здравјето. Бидејќи парите ги трошел на материјали за сликање, слабо се хранел. Губењето на поголем дел од забите, подоцна влијаело на неговите стомачни проблеми. Пател од несоница, прекумерно пиел, се заразин со гонореа, па потоа со сифилис, јадел боја, терпентин и парафин.

Исто така, Ван Гог мислел за сопствената смрт, бидејќи уште од мал поминувал покрај гробот на кој го пишувало неговото ииме – гробот кој всушност му припаѓал на братот кој починал пред раѓањето на Винсент. Сето тоа довело до зачестени мачнини и епилептични напади, а Ван Гог се повеќе губел контрола над себе.

Ван Гог низ писма

Во едно од писмата упатени кон својот брат, Ван Гог за своето сликање и гледање кон светот рекол: „Ова се моите амбиции кои се засновани повеќе на љубов отколку на бес, засновани повеќе на смиреност, отколку на страст. Вистина е дека често сум во својата најмизерна состојба, но и понатака во мене постои мир, чиста хармонија и музика. Во најсиромашните бараки, највалканите сокаци, јас гледам цртежи и слики. И со некоја неодолива сила мојот ум е привлечен кон овие работи. Верувај ми, понекогаш со сето срце се смеам што луѓето ме обвинуваат за секаква злоба и апсурдности, за кои ниту еден дел од мене не е крив. Јас навистина не сум никој друг освен пријател на природата, учењето, работата и покрај се – луѓето“.

Има многу современи дијагнози за неговото лудило. Психоза, шизофренија, биполарност, гранично пореметување на личноста, тоа се само дел од нив.

Сигурно е само едно: Ван Гог поради своето лудило пател, тагувал, бил осамен, а покрај тоа – сликал и сакал.

„Корени на дрвото“ од 1890 година е последното дело кое Ван Гог го насликал.

Таа слика на која работел до последниот ден од својот живот, со својата умешна и недефинирана композиција можеби најдобро го претставила силниот емотивен немир на овој уметник.

Неколку часа подоцна тој ист ден во 1890 година, притиснувајќи пиштол на своето срце, Ван Гог се обидел да си го одземе животот.

Фото: Profimedia

Тој обид прво бил неуспешен, бидејќи куршумот му го заобиколил срцето, па Винсент наредните два дена од животот ги поминал на смртна постела. За него се грижел неговиот брат Тео. Во рацете на единствената личност која го разбирала и вистински сакала, најпосле воздивнал и ги кажал последните зборови: „Овака сакав да си заминам“.

Слични објави

Поранешна помошничка на Лепа Брена откри каква е пејачката приватно: Eдна работа никогаш нема да ѝ ја заборави

Еспресо

(Фото) Босански пејач доживеа сообраќајна несреќа во центарот на Белград! Автомобилот му е целосно уништен

Еспресо

(Фото+видео) Неда Украден подготвена за куќната слава, пејачката виткаше сарма со внуката

Еспресо

(Фото) Тело како на божица! Наташа Беквалац во проѕирен тил ги покажа градите и рамниот стомак

Еспресо

(ФОТО) Дарко Лазиќ и Катарина ја крстија ќерката: Малата Срна е преслатка во бел фустан со панделка на глава

Еспресо

(Фото) Анастасија Гудељ засукала ракави и направила пита: Рецептот се подготвува брзо и лесно

Еспресо
Се вчитува....