12:34 - 5 декември, 2025

(ФОТО) ЦВЕТНИ УБАВИНИ И ШИЗИЧКИ УКРАСИ НА ДРАГИЦА СТЕВКОВСКА: Цвеќето возвраќа со многу убавина и љубов на одгледувачот!

Денес разговараме со Драгица Стевковска, која сакала да биде лекар, но учела економија, потоа психологија и на крај завршила како водителка на радио и тв емисии, од нејзината 18 годишна возраст па до сега…

Таа дворот си го уредува со поддршка на нејзиниот сопруг бидејќи како што ни вели:  ситничарка Е.

„Повеќето работи во дворот се мои, од цвеќето до украсите“.

Колкав е дворот?

– Бидејќи многу ги сакам цвеќињата, давам сè од себе да виреат сите засадени цвеќиња, но со петуниите имам мака. Најмногу не ги бидува (се смее Драгица, н.з). Во шега кога зборувам за дворчето, кажувам дека ми е потребен цел еден камион цвеќе зашто просторот е навистина голем.

Колку време дневно бара посветеност оваа убавина?

– Цвеќето бара многу време и многу нега. Со редовно полевање најмалку 2 часа наутро и 2 до 3 часа попладне или приквечер.

(ФОТО) ВО РАСКОШНИОТ ДВОР НА ПРОФЕСОР МАЈХОШЕВ И НЕГОВАТА СОПРУГА СЛАВИЦА: Цвеќињата ни го променија животот во позитивна смисла!

Кое ви е омилено цвеќе?

– Сите (одговара на смеа Драгица, н.з). Јас се нарекувам „Cvekeman“, бидејќи ги сакам сите цвеќиња, но најмногу црвените и ползечки сардели и оние кои ги нарекуваме селски сардели. Љубовта за нив ми ја внесе мајка ми, а и моите посети по манастирите каде се волшебно убави.

фото: приватна архива
фото: приватна архива
фото: приватна архива
фото: приватна архива

Како се грижите за растенијата во текот на зимата?

– Е зимата е проблем за мене и за таквите како мене. Тешко е да се соберат многубројните саксии. Се обидувам да прифатам сечиј совет. Оние кои не мрзнат ги засолнувам колку да не бидат директно изложени на невреме. Тие со компирчиња ги чистам од земја, ги виткам во хартија и ги чувам во подрум, другите во светларник на топло.

„ЦВЕЌЕТО Е КАКО ЧОВЕК, НАВИСТИНА МУ Е ПОТРЕБНА СООДВЕТНА НЕГА“

Еден градинарски совет за оние кои сакаат да почнат со одгледување на цвеќиња, од кои цвеќина да почнат?

– Мој совет за сите кои досега не почнале да отпочнат да одгледуваат цвеќе. Освен убавината и мирот ќе добијат и ментална терапија која многу ќе им значи во животот. Без оглед кое цвеќе ќе го одберат најбитно од сè е со љубов да се одгледува и да се заборави. Цвеќето возвраќа со многу убавина и љубов на одгледувачот.

Инаку, Драгица Стевковска е член на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

СОНЧЕВ ДЕН ВО СОНЧЕВИОТ ДВОР НА ЛЕНКА СТОЈАНОВСКА: И да е студено, само со еден поглед на оваа убавина сонце ќе ве огрее!

Слични објави

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо
Се вчитува....