22:58 - 12 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Многу студени утра…Проверете ги минусните температури!

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има и позначителна облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 14 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени.

Според Попоски, потоа, во следните денови продолжува периодот на променливо облачно време со сончеви периоди. Локално ќе има и позначителна облачност, а особено утре во западните предели ќе има услови за слаб локален дожд. Во петок и во сабота, и тоа особено долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер. Наутро и понатаму ќе биде релативно студено и минималните температури понекаде ќе се спуштат до околу -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 16 степени.

Слични објави

(Видео) Цеца Ражнатовиќ подготви богата велигденска трпеза – пејачката ја покажа семејната атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

Незаборавни филмови со библиски приказни за Велигден: Ако не сте ги гледале, не ги пропуштајте за празниците

Еспресо

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го прославува Велигден на Бали – ужива во празнична трпеза со семејството и Јована Пајиќ

Еспресо
Се вчитува....