19.8 C
Скопје
15:24 - 13 март, 2026

Киевска разузнавачка служба: „Путин е болен од рак, во Русија во тек е пуч, пресвртница во август“

„Европа ја гледа Русија како голема закана. Тие се плашат од нејзината агресија. Ние – рече Буданов – се бориме со Русија веќе осум години и можеме да кажеме дека руската моќ е мит. Русија не е толку моќна“.

Шефот на разузнавањето на Украина, генерал-мајор Кирило Буданов, во интервју за „Скај Њуз УК“дава важни изјави за здравјето на Владимир Путин и објаснува како тоа може да доведе до одлучувачка пресвртница во војната во Украина.

Генералот Буданов дава прецизен тајминг: според него војната ќе достигне пресвртница во август, а потоа ќе заврши до крајот на годината. Проценува дека е тесно испреплетена со веста дека Владимир Путин е тешко болен од рак и дека во Русија е во тек пуч за негово отстранување.

„Точката на прекин ќе биде во втората половина на август. Повеќето од активните борбени дејства ќе бидат завршени до крајот на оваа година. Како резултат на тоа, ќе ја обновиме украинската моќ на сите наши изгубени територии, вклучително и Донбас и Крим“. рече Буданов кој додаде дека не е изненаден од неуспесите на Русија во војната.

„Знаеме сè за нашиот непријател. Ги знаеме нивните планови речиси додека се спроведуваат. Европа ја гледа Русија како голема закана. Тие се плашат од нејзината агресија. Ние – нагласи тој – се бориме со Русија веќе осум години и можеме да кажеме дека оваа моќ за која толку се зборува е  мит. Не е толку моќна. Тоа е орда луѓе со пушки“.

Државен удар

Во Русија е во тек државен удар за смена на Владимир Путин, тврди шефот на разузнавањето во Киев. Според него, поразот во Украина би довел до смена на рускиот лидер и распад на земјата. Овој процес е веќе започнат и тие се движат во таа насока“, појасни Буданов. Дали е во тек државен удар? „Да. Тие се движат натаму и тоа е невозможно да се спречи“, рече тој.

Путин е во „многу лоши психолошка и физичка состојбаи е многу болен“, продолжи Буданов, додавајќи дека рускиот лидер има рак и други болести, пренесува „раињуз.ит“.

 

Слични објави

(Фото) Марија Шерифовиќ се прости од своето куче: „Сите кучиња одат во рајот“

Еспресо

(Фото) Анета Љумаковска во своето најсекси издание досега

msp-admin

Марија Шерифовиќ проговори како ги напуштила „Ѕвездите на Гранд“, а го спомена и Саша Поповиќ

apostolova

(Фото) Ваква не ја знаеме: Ирена Спировска природна, без трошка шминка

msp-admin

Нови детали за несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Ќе биде погребан денеска, на гробиштата во Брестач

Еспресо

(Фото) Водителката Милена изненади: Овој човек е нејзината сродна душа

msp-admin
Се вчитува....