02:01 - 3 април, 2026

ЌЕ ИМ СЕ ПОГОДИ ВРЕМЕТО: Оние кои не биле на одмор, еве кога можат да летуваат!

– По влажниот Медитерански бран кој ќе помине денес (недела) и во понеделник над нашата територија и кој ќе услови повремени локални врнежи од дожд, на некои места и поројни проследени со грмежи, како и со засилување на ветерот, и тоа особено во јужните предели а додека во северната половина, истите понекаде и ќе изостанат, од вторник па натаму следува период на стабилно, суво и СЕПТЕМВРИСКО ЛЕТНО време, објаснува метео прогнозерот Славчо Попоски. 

Тој додава дека времето ќе биде сончево со умерена, а повремено и локално и позначителна облачност. Сепак поради продор на ТОПЛА воздушна маса од југ температурите на воздухот ќе бидат во пораст и истите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 29 степени.  Исто така во следните денови ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец, и истиот повремено ќе засилува на некои места.

Отсега гледано, уште потопло време ќе имаме од следниот викенд кога температурите ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени. Да напоменеме дека ако вака останат работите, ќе уживаме во подолг период на стабилно, суво и топло септемвриско време, па токму поради ова сите граѓани кои до сега не го искористиле својот годишен одмор, тоа ќе можат да го направат од вторник па натаму, вели Попоски.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....