5.8 C
Скопје
03:10 - 31 март, 2026

(ФОТО) ЕЛЕНА ВЕЛЕВСКА ЗА ЕСПРЕСО ОД ДУБАИ: Единствен порок во мојот живот е шопингот, а наскоро можен е и КОНЦЕРТ во Дубаи!

Инстаграм го вжешти со своите фотографии направени на Белата плажа во Дубаи, а за нас најде време за муабет – и покрај уживањето во целата таа убавина на градот. Еве какви впечатоци ни пренесе популарната пејачка Елена Велевска.   

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elena Velevska (@evelevska)

Што те одведе во Дубаи и зошто баш Дубаи како дестинација? Што најмногу ти се допаѓа?

– За првпат сум овде и тоа по моја желба и во приватна режија.Сместена бев во хотелот „Стела Ди Маре“ и многу ме интересираше каков луксуз нуди оваа дестинација. И така е, воопшто не згрешив во изборот бидејќи ги посетив најелитните места: Бев на највисоката точка од каде се гледа Палмата и е вистинско доживување да се види таа панорама, ресторанот „Се Ла Ви“ е фантастично место за ноќно излегување, „Скај Вју Инфинити Пул“ е вистинско уживање во глетката каде мислиш дека се спојува од највисоко базенот со морето. Ја посетив Бурџ Калифа највисоката зграда во светот и една од најтоп атракциите во Дубаи. Го посетив хотелот „Атлантис“ и Белата Плажа пред него, е тоа место не смеете да го пропуштите!, се возев со монолит до соседните места на Палмата каде има ексклузивни продавници.И последниот ден бев во „Миракл Гарден“ тоа е најубавата цветна градина што некогаш сум ја видела. Навистина вреди да се посети.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elena Velevska (@evelevska)

Инстаграм го вжешти со постираните фотографии, очигледно спремна си за летото и во фит форма, си дозволи ли гастрономско уживање во Дубаи „за инает“ на диетите?

– Овојпат и не сум баш во фит форма бидејќи сакав да се хранам и да пробам од овдешните специјалитети.

Каков е Дубаи за шопингг, какви се цените во рестораните?

– Единствен порок во мојот живот е шопингот, па така и сега не одолеав и уживав во она што го нудат ексклузивните продавници во Дубаи. Рестораните во Дубаи нудат најазновидна храна: турска, јапонска, кинеска, индиска, француска, американска…пробував и уживав во нивните вкусови.

Слични објави

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо

Италијанскиот „град со две мориња“ е хит на Тикток: „Не би сакале да станеме Чинкве Тере, бидејќи тоа би ја уништило автентичноста на градот“

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо

Рецепт за превкусни посни шпагети со доматен сос

Еспресо

Весна Чипчиќ, жената со најубавата насмевка: „Најголемиот колапс во мојот живот е разводот по 23 години“

Еспресо
Се вчитува....