01:03 - 2 април, 2026

Уапсен во Мексико „кралот на дрогата“ Рафаел Каро Кинтеро, еден од 10-те најбарани нарко босови од ФБИ

За „главата“ на трговецот со дрога има награда од 20 милиони долари, а опишан е како „исклучително опасен“. САД сакаат екстрадиција.

Еден од 10-те најбарани нарко босови од ФБИ е фатен во Мексико. Рафаел Каро Кинтеро е обвинет од САД дека наредил киднапирање, мачење и убиство на специјалниот агент Енрике „Кики“ Камарена на Администрацијата за борба против дрога (ДЕА) во 1985 година, а моментално управувал со огранокот на озлогласениот картел Синалоа.

Фаќањето беше откриено од извор од американската морнарица, a според медиумите, се случило во Чивава, северозападно Мексико. Каро Кинтеро бил суден во Мексико и осуден на 40 години затвор. Меѓутоа, во 2013 година, мексиканскиот суд наредил негово ослободување откако одлежал 28 години. Одлуката подоцна била поништена од Врховниот суд на Мексико, но Кинтеро веќе бил во бегство.

По трговецот со дрога има награда од 20 милиони долари за негвата „глава“, а ФБИ го опиша како „исклучително опасен“. Минатата година мексиканскиот суд пресуди дека Каро Кинтеро може да биде екстрадиран во САД во случај на апсење, отфрлајќи ја жалбата на неговите адвокати.

САД бараат екстрадиција на Кинтеро. Ова го изјави американскиот министер за правда Мерик Гарланд, заблагодарувајќи им се на мексиканските власти што го фатија кралот на дрогата.

Слични објави

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо
Се вчитува....