19:28 - 2 април, 2026

Трагедија во Италија – загина четиричлено семејство од Словенија и уште три лица во хеликоптерска несреќа

Медиумите во Италија известија за хеликоптерска несреќа во која загинале седум лица, меѓу кои и четиричлено семејство од Словенија. Хеликоптерот паднал на југот на Италија.

Хеликоптерот исчезнал од радарот во Кастелпагано ди Апричена, рурална област во провинцијата Апулија, по што армијата и пожарникарите започнале потрага.

Заменик-гувернерот на Апулија, Рафаеле Пијемес, изјави дека хеликоптерот е пронајден и дека сите седум патници и членови на екипажот загинале, објави италијанскиот дневен весник Кориере дела сера.

Меѓу загинатите има и четиричлено словенечко семејство, меѓу кои и 13-годишно девојче. Другите жртви се локален лекар и двајца пилоти.

Хеликоптерот кој секојдневно летал од Фоџа, во Апулија на островот Тремита во Јадранското Море, паднал најверојатно поради лошото време.

Слични објави

Ова сигурно не го знаевте! Бајага напишал голем хит за Весна Змијанац

Еспресо

(Фото) Аница Лазиќ го оперирала носот: Еве како сега изгледа девојката на Лазар Ристовски

Еспресо

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

(Фото) Јелена Розга „не ги соблекува“ штиклите од 750 евра: Ги има во повеќе бои и редовно ги носи на настапи

Еспресо

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо
Се вчитува....