7.8 C
Скопје
19:45 - 31 март, 2026

Светски аукциски рекорд за „Мерилин“ на Енди Ворхол: продаден за 195 милиони долари!

Познатиот портрет на Мерилин Монро од американскиот уметник е само еден од низата портрети направени со различна хроматска позадина, две години по смртта на дивата. Продаден е на рекордна аукција на Кристис, а ја добил сопственик на галерија Лери Гагосијан. Приходите ќе бидат наменети за добротворни цели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HYPEBEAST (@hypebeast)

Тоа е светски рекор на аукциите и уметноста: легендарниот портрет на Мерилин Монро од Енди Ворхол беше продаден од Кристис за 195 милиони долари (184 милиони евра), што е највисоката цена некогаш платена на аукција за уметничко дело од 20 век ( и за американско уметничко дело продадено на аукција).

„Shot Sage Blue Marilyn“ кралот на поп-артот го насликал во 1964 година, две години по смртта на холивудската ѕвезда. Сликата на Мерилин е од промотивна фотографија направена за филмот „Нијагара“.

Станува збор за портрет на Мерилин со жолта коса, сина сенка за очи и светло црвени усни. Ворхол го трансформираше портретот во поп икона менувајќи ги боите, розово американско лице во нијанса на гуми за џвакање, рубин црвени усни и сина сенка за очи на очните капаци, на зелена  позадина.

Големиот поп уметник насликал пет верзии со различна позадина: црвена, портокалова, сина, зелена (продадената на аукција) и тиркизна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fine Art Brokers (@fine_art_brokers_)

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо
Се вчитува....