16:54 - 3 април, 2026

Столтенберг: Нема услови за мирно решавање на конфликтот, Русија се подготвува за нова офанзива

Русија се обидува да ги замрзне борбите во Украина во текот на зимата, со цел да ги зајакне своите сили за нова офанзива напролет, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Она што сега го гледаме е дека Русија се обидува да наметне некаков вид замрзнување на војната, макар и за кратко време, со цел да се прегрупира, поправи, закрепне и потоа да се обиде да покрене поголема офанзива следната пролет“, рече Столтенберг на јавен состанок организиран од британскиот дневен весник „Фајненшл тајмс“.

Столтенберг рече дека членките на НАТО продолжуваат да ја снабдуваат Украина со оружје и поддршка „без преседан“, и покрај загриженоста за можно исцрпување на резервите на Западот.

Најтешките борби во моментов се водат околу источниот град Бахмут, кој руските сили се обидуваат да го освојат со месеци.

САД очекуваат борбите да продолжат со „намалено темпо” наредните месеци, додека двете страни се обидуваат да ги обноват своите сили.

Столтенберг рече дека нема информации за наводни напади со украински беспилотни летала врз воздухопловни бази во Русија, откако американските власти соопштија дека не поттикнуваат такви напади од Украина.

Генералниот секретар на НАТО оцени дека во моментов не се исполнети условите за мирно решавање на конфликтот, бидејќи Русија „не покажала знаци на посветеност кон преговори со почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“.

Слични објави

(Фото) На 62 изгледа неверојатно – Ел Макферсон сè уште воодушевува во долна облека!

Еспресо

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо
Се вчитува....