16:47 - 13 ноември, 2026

Славчо Попоски најавува многу дождливо време: Поројни врнежи, силен ветер, снег на планините, претпазливост од поплави!

– Продолжува периодот на МНОГУ ПРОМЕНЛИВО време со повремени врнежи од дожд. Повремено и локално врнежите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ (над 30 л/м2 за 12 часа па токму поради ова во периодот кој што е пред нас има можност да дојде до локални ПОПЛАВУВАЊА), па затоа препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.

Локално ќе биде и нестабилно со интензивен пороен дожд, грмежи и СИЛЕН јужен ветер (повремено со брзина од над 65 км/час). Овие денови насекаде ќе дува умерен до засилен, повремено и СИЛЕН ветер (над 65 км/час ) и од јужен правец.

Снег ќе врне само на највисоките планински места на запад и на северозапад. Температурите ќе бидат пониски и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени.

Во Скопскиот регион исто така повремено ќе биде врнежливо а ќе дува и засилен југоисточен ветер. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 12 и 14 степени, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо
Се вчитува....