10:00 - 4 април, 2026

Северина за Нова година ќе пее во Сплит, ја спуштила цената и се очекува да направи бум

Естрадниот менаџер Ивица Бубало, како што јавуваат хрватските медиуми, изјавил дека пејачката Северина Вучковиќ конечно ќе настапи во родниот Сплит за дочекот на новогодишната ноќ.

За двочасовен настап ќе добие 50.000 евра, што е пониска цена од онаа што ја добила досега кога се во прашање нејзините настапи за најлудата ноќ.

Северина направила компромис околу нејзината цена, потврди нејзиниот менаџер Ивица Бубало за хрватските медиуми.

„Таа се согласи да настапи за половина цена од вообичаеното. Таа е на исто ниво со Дино Мерлин и Жељко Јоксимовиќ, па нејзината цена е најмалку 80.000 евра. Настапува во Сплит за 50.000 евра. Мислам дека е полн погодок, а неколку околни градови ги откажаа дочекот бидејќи очекуваат луѓето да дојдат на настапот на Северина во Сплит“, изјави за 24сата.хр естрадниот менаџер Ивица Бубало.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.
Се вчитува....