7.8 C
Скопје
23:08 - 31 март, 2026

Путин постхумно го одликуваше загинатиот командант Стремусов со Орден за храброст

Рускиот претседател Владимир Путин постхумно го одликуваше вицегувернерот на Херсонската област Кирил Стремусов со Орден за храброст. Стремусов загина во сообраќајна несреќа.

„За храброст покажана за време на должноста, доделете му Орден за храброст на Кирил Сергеевич Стремусов, заменик-шеф на воено-цивилната администрација на регионот Херсон (посмртно)“, се вели во документот, пренесуваат руките медиуми.

На 9 ноември, воениот дописник Семјон Пегов, повикувајќи се на зборовите на личниот возач на службеникот, ја пријавил смртта на 45-годишниот Кирил Стремусов во несреќа кај Геническ. Подоцна, оваа информација беше потврдена од прес-службата на администрацијата на регионот Херсон.

Министерството за здравство на регионот ја констатирало смртта на Стремусов и додава дека во сообраќајна несреќа се повредени уште две лица на кои им била укажана лекарска помош.

Соопштено е и дека возачот на камионот, кој направил опасен маневар, наводно станал виновник за несреќата.

Слични објави

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Ким Новак не сака Сидни Свини да ја глуми во новиот филм: „Таа е погрешен избор поради горниот дел од телото“

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо
Се вчитува....