5.8 C
Скопје
05:38 - 1 април, 2026

Познатиот Чендлер од серијата „Пријатели“ откри страшни детали од својот живот

Ѕвездата на серијата „Пријатели“, Метју Пери (53) откри дека своевремено бил толку зависен од дрога, што ги пребарувал дури и ормарчињата во туѓи тоалети.

Познатиот Чендлер од серијата „Пријатели“ напиша мемоари „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“ во која ја откри целата своја животна приказна, сите подеми и падови. Проговори и за борба со зависноста.

Тој во интервју за „Еј-би-си“ и откри на новинарката Дијана Соер што правел.

– Во недела одев по куќи кои беа на продажба, влегував во тоалетите и барав дали има апчиња внатре и ги крадев. Мислам дека луѓето мислеа дека нема шанси Чендлер да влезе и да нè украде, изјави познатиот актер.

Инаку, целата постава на серијата „Пријатели“ беше една навистина добитна комбинација. Сите ликови имаа свој шарм, беа смешни и препознатливи. Еден од нив беше и Чендлер Бинг чии шеги често беа предмет на расправа меѓу ликовите, а неговите реплики до ден денес добро запамтени.

Откако престана снимањето на серијата, многу работи се променија. Метју Пери, актерот кој го глуми Чендлер, продолжи со снимање филмови и серии, но ниту една улога не беше забележана како онаа во „Пријатели“.

„Џенифер Анистон ми помогна да излезам од алкохолизмот“, Метју Пери раскажува како се спасил кога бил „на чекор до смртта“

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....