11.8 C
Скопје
21:38 - 19 април, 2024

Министерката Петровска за стереотипите, навредите, сексизмот: Ме напаѓаа за изгледот и облекувањето…

Денес професиите не ги делиме на машки и на женски, туку нас жените нè има во секоја професија затоа што сметаме дека имаме доволно капацитет и квалитети кои треба да ги покажеме и со кои што треба практично да помогнеме во општественото живеење, а со тоа да и помогнеме и на нашата држава. За овие 30 години независност, многу жени без оглед дали се од политичката сфера или од некој друг дел од општественото живеење, покажаа дека имаат доволно квалитети успешно да работат на позициите кои ги имале и имаат, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во денешното гостување во емисијата „Приказна“ на јавниот сервис.

Мора да ги рушиме стереотипите за жени на лидерски позиции

Петровска вели дека жените не се само квота, не се само бројка во општеството, туку дека даваат реални и квалитетни резултати, а на прашањето дали општеството е подготвено за жена – премиерка или претседателка, министерката подвлече дека не станува збор за подготвеност, туку за тоа дали успешните жени се видливи пред јавноста.

„Убедена сум дека нашите граѓани одлуките на изборите без разлика дали се претседателски, парламентарни или локални во иднина сè помалку ќе ги носат врз основа на тоа дали некој кандидат е жена или маж, туку дали ќе бидат уверени во неговите или нејзините квалитети“, рече министерката.

Во однос на изложеноста на жените на сексизам и дискриминација, Петровска истакна дека таа појава сè уште постои и дека е потребна гласна осуда од целото општество, особено затоа што тоа може да доведе и до други несакани појави како психичко или физичко насилство.

Бев цел на лични напади за да ме демотивираат! 

„Јас бев предмет на напади и тоа во голем дел беа лични напади врз основа на мојот изглед, начинот на облекување. Тие веројатно имаа една единствена цел – а, тоа беше да ме демотивираат да продолжам по патот по кој сум започнала да одам. Како што гледате и после осум месеци од почетокот на тие напади, јас сум сè уште на истата позиција и не се колебам што сум тука. Им благодарам на сите добронамерни критичари и јавно и приватно кои ми даваат сугестии не само во поглед на моето однесување и облекување, меѓутоа и во поглед на работата, затоа што целта на секој од нас е да се стремиме да бидеме подобри во тоа што го работиме, а секогаш за добрите критики има доволно простор. Но, нападите ми беа изненадување затоа што на оваа позиција, очекував дека ќе дискутираме за критиките за начинот на кој што раководам со Министерството, за политиките кои ги водам и процесите кои се одвиваат, а не за нешто што јас лично го сметам за споредно“, порача Петровска.

Солидарноста помеѓу жените, рече Петровска, беше видлива и многу важна зашто покажува дека жените и целото општество се обедини во осудата на овие лични напади.

„Општеството гледа што се случува и драго ми е што таквиот тип на реакција го гледам и понатаму, секогаш кога која било жена и во политиката и во јавноста ќе биде предмет на вакви лични напади, неосновани критики или омаловажување.Тоа значи дека ние жените знаеме да се обединиме и да си помагаме меѓу себе, посочи министерката во емисијата „Приказна“.

Слични објави

„Ги преминува границите“: Марија Шерифовиќ проговори за грижата на својот син, а поради него имала расправија со мајка си

Еспресо

Ограбена Сандра Африка! Пејачката доживеала хорор на бензинска пумпа во Словенија

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Неда Украден: Пејачката сподели убава вест и испрати емотивни зборови до најважната личност во нејзиниот живот

Еспресо

(Фото) Мина Наумовиќ покажа колку ужива во мајчинството: Објави селфи што го одзема здивот

Еспресо

(Фото) Доживела страв и ужас: Ива Гргуриќ се огласи од Дубаи по страшните поплави

Еспресо

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо
Се вчитува....