07:00 - 6 април, 2026

НЕЈЗИНИОТ ВОКАЛ ЌЕ ВИ ГО СТОПЛИ СРЦЕТО: Слушнете ја првата песна на Агни Авшар (ВИДЕО)

Веројатно повеќето од вас сè уште не го имате слушнато нејзиното име и презиме, но професионалните познавачи на музиката веќе го препознаваат исклучителниот квалитет на перформансот на Агни Авшар.

Многумина за Агни ќе кажат дека нејзиното време допрва доаѓа и верувајте дека е така.

фото: приватна архива

Таа вчера преку социјалните мрежи ја објави својата прва песна „Сознавам“. Песна на која како автор на музиката и аранжманот се потпишува феноменалниот Никола Мицевски, додека пак текстот го потпишуваат Бети Јанковиќ и Рената Кралевска.

Ако баравте квалитетна музика, токму тоа и го нуди Агни Авшар. Таа вели дека компромис нема да прави кога станува збор за квалитетот. Впрочем, за создавањето на оваа приказна беше потребно повеќе од една година.

фото: приватна архива

– „Сознавам“ е песна со автобиографски карактер која преку симболичен артистички израз илустрира животна приказна на млад човек кој попатно застранува, но со решителност и стремеж зачекорува во правец на духовно осознавање. Ова музичко дело, од идеја до реализација, е креативен плод на мојата духовна учителка Бети Јанковиќ. Бескрајно сум благодарна на честа да бидам вокален интерпретатор на оваа композиција и се надевам дека истата ќе ги инспирира слушателите и ќе иницира чувства на ентузијазам, оптимизам и верба во себе – вели прекрасната Агни.

Инаку Агни со својот тим снимија и прекрасен видеоспот на неколку локации во Македонија на кој како режисер се потпишува познатиот Дарио Јанковиќ. Покрај фасцинантните кадри во него, специфичната костимографија, во видеото се појавува и еден од најпознатите светски диџеи – DJ TALAMASCA.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....