7.8 C
Скопје
23:07 - 31 март, 2026

Неговите предупредувања никој не ги сфатил сериозно: Во егзил во Шведска убиен чеченскиот блогер, жесток критичар на Кадиров

Убиен е чеченскиот видео блогер и отворен критичар на Кадиров, Тумсо Абдурахманов, кој живеел во егзил во Шведска. Оваа информација е потврдена од неговите соработници, иако шведската полиција се уште не се изјаснила за случајот.

Абдурахманов исчезнал на 1 декември и веднаш на социјалните мрежи почнал да изнесува сомнежи и обвинувања дека можел да биде убиен. Телеграм профилот „Кавказ фронт“, кој ја поддржува руската агресија во Украина, објави видео на кое се гледа тело на маж кој личи на Тумсо Абдурахманов.

Извадок од видео пораката на Тумсо до чеченскиот говорник Даудов: „Не се плашам од такви како тебе. Полни сте со подлост, затоа не се плашам од вас“

Меѓутоа, претставниците на здружението Вејфонд и на Собранието на Чеченците на Европа тогаш изјавија дека овие извештаи не изгледаат веродостојни.

Сега соработниците на Абдурахманов велат дека блогерот бил убиен ноќта меѓу 1 и 2 декември.

Неговиот брат Мухамед е заштитен од шведските тајни служби, поради што и тој „неочекувано и без објаснување повеќе не е достапен за сите контакти“, соопшти чеченското здружение за човекови права Вајфонд, исто така со седиште во Шведска.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....