7.8 C
Скопје
22:11 - 9 март, 2026

НАСА ја избра првата жена што ќе ја испрати на Месечината во претстојната мисија Артемида

Американската вселенска агенција НАСА за прв пат за лунарна мисија избра жена и Афроамериканец за астронаути како дел од четиричлениот тим кој ќе учествува во првиот лет со екипаж околу Месечината во повеќе од 50 години.

Кристина Кох, инженерка која веќе го држи рекордот за најдолг континуиран лет на жена во вселената, е избрана да учествува во мисијата Артемида II, која ќе ја води Виктор Гловер, припадник на американската морнарица.

Екипажот беше претставен на прес-конференција во Хјустон во вселенскиот центар Џонсон, базата за управување со мисијата на НАСА.

Гловер, кој учествуваше во вториот лет на капсулата Crew Dragon на SpaceX, ќе стане првиот афроамерикански астронаут некогаш испратен на лунарна мисија.

Останатите двајца членови на екипажот се Џереми Хансен, првиот Канаѓанец избран да лета на Месечината и Рид Вајсман, ветеран на Меѓународната вселенска станица, кој е именуван за командант на мисијата Артемида II.

Артемида II ќе биде првиот лет со екипаж, но не и првото слетување на Месечината, од програмата за наследник на Аполо, која има за цел да ги врати астронаутите на површината на Месечината до крајот на оваа деценија и да воспостави одржлива станица таму, која ќе биде отскочна даска за идните истражувања на Марс.

Слични објави

(Фото) „Ми рече дека нема да доживеам 50 години“: Милиќ Вукашиновиќ се спротивставува на судбината и го слави животот, по ампутацијата на ногата

Еспресо

Познатиот пијанист ги демантираше гласините: „Не сум момче на Азис“

E.A.

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.

Ѓорѓе Давид доживеал пекол окако објавил фотографија од болница: „Видов кои ми се вистински пријатели“

E.A.

Реакцијата на Ана Бекута на прашањето за Зорица Брунцлик предизвикува солзи во очите: Покажала кон срцето, а потоа открила што ѝ испратила

Еспресо
Се вчитува....