8.8 C
Скопје
04:49 - 4 април, 2026

Можеше ли моќната Меркел да го спречи Путин?

Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, изјави дека сакала да свика разговори меѓу Европа и рускиот претседател, Владимир Путин, во годината пред воениот напад на Украина, но дека немала начин да влијае на рускиот лидер на крајот на својот мандат.

Меркел изјави за „Шпигел“ дека таа и францускиот претседател, Емануел Макрон, планирале да организираат независен формат за разговорите на Путин со Европскиот совет во 2021 година последното лето од нејзиниот мандат.

„Но, јас веќе немав сила да го туркам процесот бидејќи сите знаеја: таа заминува наесен“, изјави поранешната канцеларка.

Таа се повлече од политиката по 16 години на власт во Германија по изборите во септември 2021 година и откога во декември му ги предаде овластувањата на Олаф Шолц од Социјалдемократскиот сојуз.

Сеќавајќи се на својата последна посета на Москва во август 2021 година, Меркел, која течно зборува руски, изјави за „Шпигел“:

„Чувството беше јасно – во однос на политичката моќ, вие сте готови. За Путин, важна е само моќта“.

Коментирајќи го своето заминување од политичката сцена, таа вели: „дојде време за нов пристап“ бидејќи нејзината влада не постигнала напредок не само во Украина, туку и кога станува збор за конфликтите во Молдавија, Грузија, Сирија и во Либија.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....