08:50 - 12 март, 2026

Моника Зајкова прва жена претседателка на либералдемократите – „Не сакаме популизам и лажни ветувања“

Моника Зајкова  е новата претседателка на Либерално-демократската партија избрана на осмиот партиски конгрес на кој таа беше единствен кандидат за лидер.

– Не сакаме популизам и лажни ветувања за работи кои не можат да се имплементираат, туку мали и јасни иницијативи што водат кон конкретни чекори кои ќе значат подобрување на животот и условите во државата, рече Зајкова.

Зајкова, која досега беше потпретседателка на ЛДП и е пратеничка во Собранието, го наследува Горан Милевски кој партијата ја водеше од 2015 година.

По изборот од делегатите на конгресот, Зајкова изјави дека Либерално-демократската партија има континуитет и долго опстојува на политичлката сцена и оти во нејзиниот мандат може да се очекуваат повидливи политики, како и конкретни иницијативи со кои ќе се подобри секојдневното живеење на граѓаните.

Таа смета дека државата треба да биде фокусирана кон прогресот и, како што рече, „храбро да чекори кон продолжување на преговоите со Европската Унија, да се отвораат и затвораат поглавјата“.

-Ни претстојат сериозни реформи, процеси кои ќе бидат можеби долги и сигурно ќе нè чинат многу, но ќе значат подобра, попрогресивна европска држава, подобар животен стандард на сите граѓани, рече новата претседателка на ЛДП.

Според Зајкова, ЛДП ќе соработува и ќе коалицира само ако тоа е за доброто на државата и граѓаните.

Слични објави

Ужасни детали од несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Возачот на автомобилот кој го удрил е приведен

Еспресо

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.
Се вчитува....