13:44 - 2 април, 2026

Лавров во Каиро на средба со Арапската лига ќе го објасни ставот на Русија за војната, целта е „зајакнување на арапско-руските односи“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров синоќа пристигна во Каиро каде денеска ќе се сретне со египетското раководство, со намера на Лигата на арапските држави да го објасни ставот на Москва за Украина. Ова го соопшти Хосам Заки, заменик генерален секретар на Лигата, пренесе Тасс.

Посетата на рускиот министер на Каиро – рече Заки – е составена од два дела, првиот е директно поврзан со преговорите во Арапската Република Египет и дискусијата за билатералните односи, додека вториот се однесува на Арапската лига.

„Лавров планира да се сретне со генералниот секретар [Ахмед Абу Ал-гејт] и да разговара со арапските претставници за да ја објасни позицијата на неговата земја за украинската криза“, изјави Заки за египетскиот телевизиски канал Онтв. Тој потоа истакна дека посетата на рускиот министер за надворешни работи и неговиот говор во седиштето на Арапската лига имаат за цел „зајакнување на арапско-руските односи и пренесување на позицијата на неговата земја [на арапските држави], особено по одложувањето на арапско-рускиот форум“.

 

Слични објави

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.
Се вчитува....