18:29 - 10 ноември, 2026

Лавина на Хималаите: Четири лица загинале, а 28 се водат за исчезнати

Во вторникот лавина погодила група планинари на Хималаите, при што загинале најмалку четири лица, а 28 од нив се водат како исчезнати, јавува Си-Ен-Ен.

Планинарскиот институт Нехру во вторникот соопшти дека група од 34 планинари и седум инструктори биле на планината Драупади ка Данда II во државата Утараханд кога ги погодила лавина околу 8:45 часот. Во тек е операција за пребарување и спасување, јавува Си-Ен-Ен.

„Длабоко сум потресен од загубата на скапоцени животи поради лавината што погоди планинарска експедиција организирана од Институтот за планинарење Нехру“, напиша на Твитер индискиот министер за одбрана Рајнат Синг.

Минатата година, повеќе од 200 луѓе загинаа откако се урна дел од глечер во Утараханд.

Слични објави

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо

Естетиката на машкиот стил низ спојот на класиката и современите трендови во бутикот „Капитол“

Еспресо

Барате квалитетна клуб маса? Искористете ги октомвриските попусти во Wood room

Еспресо
Се вчитува....