14:16 - 1 април, 2026

Кралот на криптовалутите се криел меѓу елитата во Белград, имал луксузен стан на Дедиње

„Кралот на криптовалутите“ До Квон, кој на 23 март годинава беше уапсен во Црна Гора под обвиненија за измама тешка неверојатни 60 милијарди долари, извесно време живеел меѓу елитата на Белград, пишува српска „Нова“ цитирајќи го „Ди-ел њуз.“

До Квон, еден од најголемите измамници на сите времиња по кого трагаа властите на три земји – неговата родна Јужна Кореја, Сингапур и САД – се криел во Белград заедно со својот најблизок соработник Хан Чанг Џун пред да бидат уапсени кога сакале да побегнат во Дубаи со приватен авион од аеродромот во Подгорица.

Хан Чанг Џун во српската престолнина купил луксузен стан-дуплекс за 2 милиони евра и две паркинг места во комплексот „Амбасадор Парк“ во елитната населба Дедиње.

И Амбасадата на Јужна Кореја, која го барала својот државјанин со распишана потерница за измама и за кршење на Законот за пазар на капитал, е на само шест минути возење од станот во кој се криел Квон.

За работите да бидат уште потрагикомични, јужнокорејската веб-страница „Диџитал асетс“ објави дека IP-адресите од кои се пристапувало до профилите на Квон на социјалните мрежи одговараат на адресата на станот во комплексот „Амбасадор Парк“ каде што живееле Квон и Хан.

Не се знае како Квон успеал толку долго да се крие и да ги избегнува српските власти иако Интерпол по него распиша меѓународна потерница во септември.

Слични објави

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.
Се вчитува....