5.8 C
Скопје
01:20 - 1 април, 2026

Костадинов му се заблагодари на Пандев – најголемиот амбасадор на Македонија и промотор на Струмица

Градоначалникот на Струмица Коста Костадинов со емотивна порака му се заблагодари на најдобриот македонски фудбалер струмичанецот Горан Пандев кој во интервју за италијанска „Газета“ најави дека и официјално заминува во пензија.

Градоначалникот Костадинов за Пандев вели дека е најголемиот амбасадор на Македонија, најголемиот промотор на Струмица.

„Ден кој буди емоции кај секој Македонец, особено кај нас струмичаните. Најголемиот амбасадор на Македонија, најголемиот промотор на Струмица. Легендата која пред светот со гордост говореше за Струмица, човек кој го достигна врвот за кој многу сонуваат, а остана сепак човек, скромен и спремен да помага. Горане како струмичанец ти благодарам за се“, вели Костадинов.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....