11:33 - 7 ноември, 2026

Како новиот руски командант Сергеј Суровкин го добил прекарот „генерал Армагедон?

Два дена откако Сергеј Суровкин беше назначен на новата функција, голем број украински градови беа бомбардирани, а Киев соопшти дека има повеќе од 10 цивилни жртви и повеќе од 80 повредени.

Поранешен припадник на Министерството за одбрана кој соработувал со Суровикин за „Гардијан“ изјавил дека не е изненаден од последните напади.

– Суровикин е апсолутно безмилосен, со малку почит кон човечкиот живот. Се плашам дека неговите раце би можеле целосно да бидат извалкани со украинска крв – рекол тој.

Суровикин првпат го добил епитетот немилосрден за време на августовскиот пуч, кога водел стрелачка дивизија низ барикадите поставени од продемократските демонстранти. Во конфликтот загинале тројца мажи, од кои еден бил згмечен.

Неговата репутација на суров лидер дошла до израз во 2004 година, кога руските медиуми објавија дека поручник што служел под негово заповедништво извршил самоубиство откако добил остра опомена од Суровикин.

Оттогаш го нарекуваат „Генерал Армагедон“, а прекарот се однесува и на неговиот неконвенционален и тврдокорен пристап кон водењето на војната.

Глеб Ирисов, поранешен поручник на воздухопловните сили кој работел со Суровикин до 2020 година, рекол дека новиот генерал е еден од ретките луѓе во армијата кои „знаеле како да ги надгледуваат и рационализираат различните родови во војската“.

Суровикин е трипати одликуван со Орден Црвена ѕвезда, Орден за воени заслуги и Орден за храброст. Тој ја доби наградата Херој на Руската Федерација во декември 2017 година.

Оженет е и има две ќерки.

Слични објави

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.
Се вчитува....