00:48 - 3 април, 2026

Израел започна операција „Зора“ против Исламски џихад, нападнат Појасот Газа; 8 загинати, најмалку 55 повредени

Неколку жртви, меѓу кои и петгодишно девојче и Тајасир Џабари, командант во регионот на исламистичката формација. 

Израелските вооружени сили денеска го нападнаа Појасот Газа во операција наречена „Зора“, тврдејќи дека погодиле цели кои се припишуваат на групата Исламски Џихад, по неколкудневните тензии по апсењето на член на исламистичката група на Западниот Брег, минатиот понеделник. Министерството за здравство на Газа ја даде првичната бројка од осум загинати, меѓу кои петгодишно девојче и 23-годишна жена, а најмалку 55 се повредени.

Во попладневните часови беше погодена зграда во градот Газа и други цели во Кан Јунис на југот на Појасот и Шуџаја на север. Понатамошни напади беа извршени во вечерните часови.

Владата во Каиро се бори да посредува за да спречи ескалација на војната. Ал Арабија потврди дека „египетска безбедносна делегација се подготвува да отпатува во Тел Авив за да донесе смиреност во Појасот Газа“, пренесува раињуз.

Портпаролот на израелските вооружени сили објави дека се убиени 15 членови на Исламски Џихад, вклучувајќи го и командантот во северниот дел на појасот, Тајасир Џабари. Смртта на Џабари ја потврди и самиот Исламски Џихад. Погребот се одржа денеска, а на него присуствуваа илјадници луѓе, меѓу кои беа препознатливи лидерите на бригадите Ал Кудс, военото крило на исламистичката организација.

Како одговор на израелскиот напад, Исламски Џихад соопшти дека истрелал „100 ракети“ од Газа кон Израел. Израелските власти потврдија дека биле истрелани околу 80 ракети насочени кон Израел, од кои 46 ја преминале границата: 33 биле пресретнати од системот за воздушна одбрана „Железна купола“, додека другите паднале на отворени области, без да предизвикаат жртви.

Во Газа веднаш се создаде атмосфера на војна. Многумина ги искористија првите часови на неизвесност за да истрчаат до бензински пумпи, во супермаркетите и пазарите за да набавт храна и овошје и зеленчук. Постои и силен страв кај населението дека нова воена конфронтација со Израел би можела да предизвика дополнителни прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....