8.4 C
Скопје
11:07 - 19 март, 2024

Пред 60 години Мерилин Монро беше пронајдена мртва: Живот и смрт покриени со велот на мистеријата

На 5 август 1962 година Мерилин Монро е пронајдена мртва. Нејзиниот погреб, на 8 август на гробиштата во Меморијалниот парк Вилиџ Вествуд, бил приватен, а присуствувале само најблиските соработници. Го организирале Џо Димаџо и нејзината менаџерка Инес Мелсон. Стотици обожаватели на Мерилин биле собрани околу гробиштата…

Важи за светски секс симбол и за една од најпосакуваните жени, но пред Мерилин Монро, постоела Норма Џин, како што е вистинското име на фаталната блондинка.

Имала тешко детство. Како дете живеела во дури 11 згрижувачки семејства откако нејзината мајка била сместена во институција, а една година поминала во сиропиталиште во Лос Анџелес.

Instagram

За своите улоги била релативно лошо платена. На пример Џејн Расел, со која глумела во „Некои тоа го сакаат жешко“, заработувала дури 10 пати повеќе од неа.

Тешко се концентрирала на учењето на репликите во филмовите. Сцената во филмот „Некои тоа го сакаат жешко“, во која требала да изговори само ‘It’s me, Sugar’, се повторувала дури 60 пати.

Обожавала кучиња и имала неколку. Последниот бил малтизерот Маф кој ѝ го подарил Френк Синатра.

Во 1953 година позирала за првата насловна страница на „Плејбој“ и станала првата зајчица. За фотографирањето добила 50 долари. Хју Хефнер во 1992 година за 50.000 долари купил гробно место покрај нејзиното.

Фотографии кои никогаш не биле видени од трудната Мерилин Монро продадени се на аукција. Нејзината блиска пријателка Фрида Хул ги криела сè до својата смрт во 2014 година, а пред тоа ја открила приказната која се крие зад нив.

„Фрида беше многу горда што ги има тие фотографии. Биле снимени во летото 1960 година кога глумицата уште била во брак со Артур Милер. Бременоста морала да ја крие бидејќи тој не бил татко на детето. Мерилин тогаш се гледала со францускиот глумец Ив Монтан “, рекол соседот на Фрида.

Набрзо после тоа Мерилин имала спонтан абортус. Очајнички сакала да стане мајка, но никогаш не успеала во тоа. Пред ова изгубила две бебиња.

Уживала во голотијата. Често шетала гола во студијата за време на снимањата.

Приватната снимка на која Мерилин дава орален секс на непознат маж, еден њујоршки бизнисмен ја купил за 1,5 милиони долари. Црно-белото видео во траење од 15 минути овој бизнисмен од Менхетен го купил за да ѝ обезбеди безбедност на Мерилин и да го сочува споменот на неа. Се шпекулирало дека мажот на снимката е американскиот претседател Џон Ф. Кенеди.

Во неделата по смртта на Мерилин Монро во Њујорк за еден ден се самоубиле дури 12 лица.

Аферата со Џон Кенеди

Најсексипилната глумица на сите времиња по повод 45. роденден на американскиот претседател Џон Кенеди во њујоршкиот „Сквер Гарден“, на својствен начин му го честитала роденденот на славеникот. Нејзиниот настап кој траел само една минута го пренесувала телевизијата и предизвикал големи реакции. Ја отпеала ‘Happy Birthday, Mr. President’ на сензуален начин со сексипилен глас, лесно воздивнувајќи.

Очевидците тврдат дека Џон Кенеди и Мерилин Монро веднаш почнале да флертуваат, а на крајот од вечерта Кенеди ѝ го побарал бројот. Следниот ден ѝ се јавил и ѝ предложил патување во Палм Спрингс давајќи ѝ до знаење дека Џеки нема да биде таму. Проблемот настанал кога таа станала опседната со него, а за Кенеди викендот со најпосакуваната жена на светот бил само уште една авантура.
„Тој заврши со неа после тој викенд. Дури и пред сите ѝ рекол дека и така не е материјал за прва дама.

Мерилин била уверена дека Џон Кенеди ќе ја остави сопругата и ќе се ожени со неа, а на својата најдобра пријателка Џејн Кармен повеќепати ѝ рекла: „Замисли ме како прва дама“. Изворите тврдат дека Џеки Кенеди главно ги прифаќала без збор излетите на нејзиниот сопруг со други жени, но врската со холивудската дива најмногу ѝ пречела. Кога Мерилин Монро ѝ се јавила на Џеки Кенеди за да ѝ признае дека има афера со нејзиниот сопруг, тогашната прва дама само ѝ одговорила: „Одлично! Ќе се иселам од Белата куќа, а ти преземи ги сите обврски и проблеми“.

Мерилин го загрижувала Кенеди бидејќи имала долга историја на емоционална нестабилност и проблеми со алкохол, дрога и лекови. Наводно го завела и неговиот брат Роберт, кој исто така бил женет.

Пронајдена е гола на креветот со свилени чаршафи, со раката згрчена на телефонот. Констатирано е дека смртта е последица на прекумерната доза на барбитурати и дека веројатно се работи за самоубиство, но малкумина поверувале во тоа.

Листата на повиците од таа вечер е избришана.

Дневникот што го пишувала никогаш не е најден.

Положбата во која била – нозете ѝ биле испружени, е многу чуден за некој што умрел од предозирање, што значи дека телото е помрднувано по смртта.

Иако во крвта се пронајдени траги од барбитурати, пилулите не се пронајдени во желудникот, а на телото немало траги од убод од игла.

Теории за смртта

Начинот на кој му го честитала роденденот на Џон Кенеди претставувал признавање на врската, па Кенеди се исплашил дека таа ќе проговори јавно за нивната врска. Таков скандал можел да ја уништи неговата политичка кариера, па според теоретичарите на завери наредил да ја убијат.

Според друга теорија документите што ги оставил приватниот детектив Фред Оташ, кој ја прислушкувал глумицата, докажуваат дека таа вечер таа се карала со Роберт Кенеди и дека тој ја угушил со перница, а потоа ги повикал неговите луѓе да ги остранат доказите.

Според официјалната верзија Мерилин била сама таа вечер, но поедини сведоци тврделе дека го виделе Роберт Кенеди како излегува од куќата.

Иако многу случувања во ноќта кога Мерилин умрела не се јасни, еден е јасен – кога д-р Ралф Грисон дошол во нејзината соба, таа била уште жива. Според една теорија, тој бил вљубен во неа и кога сфатил дека никогаш нема да биде со неа ја убил давајќи ѝ инјекција со прекумерна доза барбитурати, а потоа ги прикрил доказите. Други тврдат дека смртоносната инјекција ѝ ја дал ненамерно, а трети дека тоа го направил по наредба на браќата Кенеди.

Слични објави

(Фото) Сопругата на Канје Вест пак шокира: За 24 часа две „голи“ модни изданија

еспресо

Ќерката на Деми Мур и Брус Вилис ја потврди својата тешка дијагноза: „Тоа ми го промени животот“

еспресо

Астропрогноза за вторник, 19 март: Убави вести за Близнаците, исполнување на сонот за Скорпиите

еспресо

(Фото) Нова фотографија од „исчезнатата“ Кејт Мидлтон: „Дали навистина е Кејт?!“

еспресо

На седмо небо: Три хороскопски знаци ќе ја најдат судбинската љубов многу наскоро

еспресо

(Фото) Ким Кардашијан покажа ретка фотографија пред пластичните операции: Нема да ја препознаете!

еспресо
Се вчитува....