7.8 C
Скопје
19:58 - 30 март, 2026

Иранските власти уапсија позната актерка и активистка за правата на жените

Иранаската актерка Таране Алидости, ѕвезда на филмот награден со Оскар „Патувачкиот продавач“, беше уапсена во Иран, каде протестите за правата на жените постепено се претворија во бунт против режимот веќе четврти месец по ред.

„Таранех Алидости е уапсена за неодамнешни дејствија и објавување лажни информации и содржини, за поттикнување хаос“, објави агенцијата „Тасним“ без да прецизира во кој затвор е.

Оваа актерка е позната по улогите во филмовите на иранскиот режисер Асгар Фархади, Алидости е исто така активистка за правата на жените и постојано ги поддржуваше протестите на Инстаграм кои беа поттикнати од смртта на младата девојка Махса Амини, која беше убиена во притвор на 16 септември, каде што била приведена поради непрописно носење хиџаб.

Неколку истакнати имиња во иранската кинематографија, како режисерите Мохамад Расулоф и Џафар Панахи, изразија загриженост поради нејзиното апсење.

Слични објави

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.
Се вчитува....