5.8 C
Скопје
03:18 - 1 април, 2026

Брнабиќ побара поддршка за Вучиќ – Никогаш немало толку големи притисоци врз Србија

Премиерката Ана Брнабиќ во изјава што ја пренесуваат српските медиуми повика да му се даде поддршка на претседателот Александар Вучиќ, кој ќе зборува на Генералното собрание на Обединетите нации, бидејќи никогаш немало поголем притисок врз него и врз државата Србија, од која се бара воведување санкции кон Русија и постигнување конечен договор за нормализација на односите Белград и Приштина.

Брнабиќ за ТВ Пинк нагласи дека говорот на Вучиќ е најдобриот начин да се покаже разликата меѓу  државите.

– И борбата за територијален интегритет на меѓународно призната држава Украина, со што се согласуваме, и како овој основен принцип на меѓународното право не е важeн во случајот со Србија. Притисоците на нас, можат да бидат само контрапродуктивни и колку повеќе не притискате, тоа може само да не одврати, изјави Брнабиќ.

Претставувањето на земја како Србија во Генералното собрание на ОН никогаш не било следено со вакво внимание, особено што Вучиќ ќе зборува по претседателот на Украина, изјави премиерката.

Брнабиќ ја демантираше веста дека струјата ќе поскапи до 120 евра за мегават час, додавајќи дека струјата за граѓаните е 60 евра, а за стопанството 95 евра.

-Тоа е најниско во регионот и така ќе остане – рече Брнабиќ и нагласи дека тоа е „брутална лага“ изнесена за да се дестабилизира Србија.

Срамота е тоа што го користат тајкунските медиуми и некои аналитичари. Тоа се лаги, залихите на мазут се 150.000 тони, а ние нарачавме дополнителни 30.000 тони, рече таа и ја демантираше веста дека Белград има мазут на залиха само три дена.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....